Кој е „ексклузивниот“ акционер чии акции „Уготур“ ги плати двојно поскапо од последната пазарна цена?
Објавено во: Економија 11 Мај, 2021
„Уготур“ плати 58 денари за секоја купена сопствена акција која многу ретко се тргува, а последната цена и била 28 денари. Законската регулатива дозволува и не забранува откуп на сопствени акции по дефинирани цени. Дали акцијата исто ќе чинеше и ако „Уготур“ постепено откупуваше акции на отворен пазар по пазарни цени? Дали со ова се оштетени малите акционери? Зошто се оштетени?Прво затоа што со пари на нивната компанија (т.е нивни пари) се купени акции и второ затоа што никој од нив не добил „ексклузивитет“ да продаде на цена двојно повисока од последната пазарна цена? Мотив повеќе за регулаторот КХВ при следната законска измена да има предвид и да затвори една законска „дупка“
Скопската компанија „Уготур“ си купи 86.500 сопствени акции за што плати околу 82.000 евра. Цената по која е платена секоја акција изнесува 58 денари за акција и тоа е двојно поскапо во споредба со последната пазарна цена по која се истргувани тие акции (последната трансакција е склучена 20 јули лани н.з.).
„Уготур“ најголем дел од акциите што ги купи за „стерилизација“ т.е. за сопствен откуп се од досегашнната акционерка Елена Зикова – Пешевска. Таа до пред оваа блок трансакција (реализирана на 5 мај н.з.) поседуваше 84.000 акции. „Уготур“ од други сопственици или сопственик докупи уште 2.500 акции и ги реализираше како една трансакција со која за речиси 82.000 евра си 9,99 отсто од сопствените акции.
Цената по која „Уготур“ освен што е двојно повисока од последната пазарна цена, е повисока и од книговодствената вредност на таа акција за 23 отсто! Инаку „Уготур“ има одлука на акционерско собрание со која има одобрување од своите акционери да откупи на пазар до 10 отсто од своите акции со право на глас.
По откупот на акциите од Зикова – Пешевска најголеми акционери во „Уготур“ остануваат да бидат брокерската куќа „Фершпед брокер“ со 19,9 отсто пред Наташа Милева со 17,94 отсто акции и Никола Камчев со 11,8 отсто од гласачките права.
Над 32 отсто од акциите со право на глас во таа компанија ги поседуваат повеќе од 5.650 домашни физички лица. И покрај тоа што таа акција има толку бројни акционери домашни физички лица на берзата речиси и да не се тргува. Последната трансакција е склучена пред 10 месеци што укажува на тоа дека нема интерес за купување.
Тука се поставува прашањето дали „Уготур“ мораше да го избере толку овој начин на купување на акцијата или можеше да се обиде на пазар со постепено купување количини да собере ист износ акции за помалку пари. Законската рамка дозволува да се тргува на овој начин и дејствијата се законски покриени без оглед на тоа дали ова е во најцелисходно решение за компанија.
„Уготур“ во првите три месеци годинава оствари приход што надмина 1 милион евра и во споредба со истиот период лани е повисок за 58 отсто. Сите приходи се остварени на домашниот пазар. Оперативните расходи на друштвото изнесуваат еден милион евраи се исто за 58 отсто повисоки од расходите во истиот период лани. Оперативната добивка е повисока од 37.000 евра и во споредба со истиот период лани е повисока за 39 отсто.
Добивката по оданочување изнесува речиси 35.000 евра и во однос на истиот период лани е повисока за 37 отсто.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.