Кој е Еролд Муслиу, новиот директор на Агенцијата за разузнавање
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2019 13:51
Еролд Муслиу е назначен за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кога истовремено и Блерим Колари е назначен за советник за безбедност.
Муслиу завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти и на почетокот од 2018 беше еден од кандидатите за директор на Управата за безбедност и контраразузбавање.Муслиу по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и постепено напредува по скалилото на хиерархијата како исклучително посветен и висок професионалец. Со формирањето на Агенцијата за разузнавање, тој преминува да работи како разузнавач.
Тој е полиглот, зборува повеќе јазици, интелектуалец меѓу безбедносните професионалци, а за него високите претставници од пријателските безбедносни служби отворено во јавноста изразиле мислење дека тој е олицетворение на највисокиот формат на професионалец од областа на безбедноста и разузнавањето.
Во 2011 година, тој веќе бил еден од кандидатите на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за директор на Агенцијата за разузнавање. Тој е непартиски кадар а досега ја вршеше функцијата помoшник во Агенцијата за разузнавање.
Можеби ќе ве интересира
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер




