Кој е градот со најмногу метеж во Европа?
Објавено во: Свет 02 Април, 2015 09:02
На второ и трето место се Варшава (40 отсто) и Рим (38 отсто), следени се Лондон (37 отсто) и Марсеј (36 проценти), според индексот за годишниот патен сообраќај, заснован на податоци на корисници на GPS системи TomTom (над 75 милиони продадени уреди во светот). Овие податоци овозможуваат да се пресмета процентот на застојот во најголемите градови во изминатата година.
Индексот на TomTom опфаќа 218 градови во 36 земји. За прв пат има информации за Кина, Романија, Саудиска Арабија и Сингапур.
Град со најмногу метеж во светот е Истанбул (58 проценти кои во часовите вечер достигнуваат 109 отсто). Следуваат Мексико (55 отсто), Рио де Жанеиро (51 отсто) и Москва (50 отсто).
Во САД најмногу метеж има во 4-милионитиот Лос Анџелес (39 проценти), следен од Сан Франциско (34 проценти), Хонолулу (32 отсто) и Њујорк и Сиетл (по 31 отсто). Жителите на Лос Анџелес поминуваат просечно 92 часа годишно во сообраќајниот метеж.
Холандската компанија TomTom, основана во 1991 година, има над 3500 вработени.
К.К.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




