29 Септември, 2024
0.0319

Кој е клучот за успехот на младите уметници?

Објавено во: Анализа 29 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Пазарот на уметност повторно се вжештува, дури и за помладите уметници чии дела е тешко да се оцени, пишува BusinessWeek. На последниот тендер на Phillips наречен "Under the Influence" (Под влијание), речиси сите дела се продадени, а поголем дел од нив добиваат двојно повисоки цени од очекуваните или повеќе. Слични случаи и други продажби, укажуваат за прегревање и ирационално, често премногу високи очекувања. Уметноста е ризична инвестиција, со оглед дека вредноста на делата е нешто субјективно, а цените се лесно манипулативни. Затоа има реална шанса колекционерите да не успеат да ги препродадат делата кои ги купиле порано. Кога пазарот функционира добро, стоките добиваат повисоки цени. Но, тоа е реткост во светот на уметноста, особено за младите уметници чии дела се продаваат најчесто од галериите, а не на аукции. Продажбата извршена од галерии, им  даваат можност на дилерите да манипулираат на пазарот, откако ќе ги држат цените во тајност. Ако колекционер купи дело од галеријата, а потоа го продаде на аукција, галеријата може никогаш повеќе да не му продаде ништо. Дилерите често ги оправдуваат своите постапки, со образложение дека треба да се заштити кариерата на младите уметници од каприците на еден нестабилен пазар. Во овие зборови се крие една вистина - пазарот навистина е нестабилен. Но не е јасно дали дилерите треба да ги фиксираат цените, бидејќи пазарот е кревок, или да дејствува на друг начин. Има само еден начин да се разбере - преку повеќе продажба на аукција. Еден подобро функционален, транспарентен пазар ќе биде од корист за сите учесници во него, тврди Томас Галбраит од онлајн аукциската куќа Paddle 8. Според него уметниците и дилерите ќе знаат повеќе за побарувачката и ќе може да се заработи подобро од зголемувањето на цените на секундарниот пазар. Купувачите, пак, ќе се чувствуваат посигурни, знаејќи дека ја плаќаат точната цена која лесно можат да ја проверат. Многумина не веруваат дека тоа ќе им помогне на пазарот на уметноста или на самите уметници, тврди Галбраит. Тој верува дека овие ценовни флуктуации се случуваат, без разлика дали на луѓето им се допаѓа или не. Затоа поголемата транспарентност ќе им помогне на сите пазарни учесници да разберат зошто дадено нешто се случува и ќе можат да реагираат соодветно. Како управен директор на аукциска куќа, Галбраит исто има директен интерес од сето тоа. И покрај напорите на дилерите успехот на младите уметници следува цикличен модел кој може да се види на графиката, обезбеден од белгиската консултантска компанија Tutela Capital. Графикон го покажува просечниот број години, за кој колекционерите ги држат делата на уметници на возраст под 40 години. Колку подолго поседуваат одредена слика, толку помалку ликвиден е пазарот. download (1) Фабијан Бокарт од Tutela Capital тврди дека пазарот за промена е зрел. "За време на финансиската криза галериите и младите уметници банкротираа, па создадоа празнина на пазарот во овој сегмент, која во моментов се полни повторно", коментира тој. К.К.