18 Декември, 2025
0.2404

Кој е Коста Митровски и зошто ги продаде акциите во „Уни банка“

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2015 09:37

Добивај вести на Viber

Коста Митровски, претседател на Управниот одбор продаде 2.584 акции со право на глас во „УНИ Банка“ во период кога цената на акцијата на таа банка константно расте на домашниот пазар. Ќе видиме како на берзата ќе влијае информацијата дека првиот човек ги продал своите акции

Коста Митровски, претседател на Управниот одбор на „УНИ Банка“ продаде 2.584 акции со право на глас во банката со која раководи, ова е официјална информација што беше објавена на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. 

Засега не се знае кои се мотивите за Митровски за продажба на неговите акции, но оваа информација веројатно ќе има свое влијание врз другите инвеститори и трејдерите кои тргуваат на берзата со таа акција. Особено сега кога таа акција има континуиран тренд на зголемување на пазарната цена од почетокот на месецов до сега таа порасна за речиси 20 отсто. 

“Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста достави прашања до претседателот на Управниот одбор на УНИ Банка во кои прашавме за мотивите за продажба на таа акција. Доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост. 

Своите 2.584 акции Митровски ги продал во јуни. Тоа значи дека продажната цена на акциите се движела меѓу 2.300 денари и 2.600 денари за акција. За своите акции Митровски инкасирал околу 100.000 евра односно околу 6 милиони денари. 

Како инвеститорите на берзата ќе го протолкуваат сигналот на Митровски, човекот што оперативно е главниот кормилар на „УНИ Банка“ и според тоа можеби и знае најмногу за пазарната позиција на банката, за нејзините перформанси, реализацијата на целите и за односите со клиентите и акционерите? 

Наскоро ќе види како нашиот пазар ќе ја процесира оваа информација и дали таа ќе биде катализатор за некој тренд на акцијата и во кој правец ќе оди тоа. Книговодствената вредност на таа акција е 3.138 денари и во поселдниве три години таа пораснала за 746 денари заради тоа што акционерите одлучуваа да не делат дивиденда туку да ја капитализираат добивката во компанијата.

Кој е Коста Митровски?

Митровски 15 години е на раководни позиции во УНИ Банка. Од 2003 година е директор на мрежата на експозитури на таа банка за во наредната 2004 година да стане генерален директор на оваа банка која во тоа време се викаше „Универзална инвестициона банка“.  Во 2008 година од акционерите е назначен за претседател на Управниот одбор на банката и главен извршен директор. Во 2016 година Митровски е избран и за претседател на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија. 

Пред да стане директор на мрежата експозитури Митровски бил генерален директор на шпедитерската компанија „Транспортшпед“, а претходно работел на раководни позиции и во „Фершпед“, Kine Nagel Скопје, претставништвото на Македонијаинвест во Либија, а кариерата ја започна во скопски „Бетон“ како шеф на сектор за работа во странство.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа