КОЈ Е МЕТОДИЈА ДИМОВСКИ: Владата го избрала за нов генерален секретар
Објавено во: Македонија 12 Април, 2022 15:17
Методија Димовски е новиот генерален секретар на владата на местото на Мухамед Зекири.
Владата на денешната седница Владата прво го разреши Зекири од генерален секретар на Владата, а потоа и Димовски од член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето. По ова Димовски е именуван за генерален секретар на Владата.
Зекири си поднесе оставка откако беше осомничен за злоупотреба на службената дејност при склучување на тендер во 4 очи за физибилити студија за Македонски пошти, со што се сомничи за злоупотреба на 940.00 евра.
Димовски е член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, од 3.8.2017 година. Роден е на 16.7.1966 година во Скопје.
Магистрирал во 1994 година, на Универзитетот во Белград, Србија, во областа на географските науки (физичка географија).
Во повеќе од две – децениската професионална кариера, работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација на Република Македонија, во меѓународни организации и како независен консултант.
Во 2020 година се пишуваше дека Димовски напишал Прирачник за
примена на Законот за инспекцискиот
надзор, кој се продаваше за цена од 2.400 денари и им е
понуден на сите инспекциски служби во
државата. Димовски не гелдаше ништо спорно во тоа, туку рече дека добил хонорар за пишувањето кој го пријавил во УЈП.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




