Добивај вести на Viber
Српскиот бизнисмен Милан Беко е роден во црногорскиот град Херцег Нови во 1961 година, а во 1997 година дипломирал на Сообраќајниот факултет во Белград.
Никогаш не работел во својата професија. Наместо тоа, станува еден од најпознатите и највлијателни луѓе во бизнис и политичките кругови во Србија.
Автор е на законот за приватизација што во Србија важеше до 2001 година. Првата позиција му била директор за маркетинг во маркетинг-агенцијата Спектра, а набрзо сдтанал нејзин косопственик.
Никогаш не бил член на ниту една партија, иако стигнал до позиција министер во владите на СПС, ЈУЛ и НД. Учествувал во неколку крупни приватизации на српски фирми - речиси сите српски млекарници, Књаз Милош, Пристаништето Белград, Вечерње новости и Ц Маркет.
Медиумите постојано нагаѓаат, но никој нема детален увид колку „тежи“ империјата на Беко.
Неодамна тој водеше интензивни преговори со српската Влада за да биде именуван за нов директор на српската Железница, но преговорите пропаднаа кон крајот на минатиот месец.
Според информациите во српските медиуми, Владата се откажала од неговото назначување откако се утврдило дека тој е поврзан со преку 40-тина фирми од Србија, Панама, Шпанија, Швајцарија и Луксембург, меѓу кои и такви кои се отворени во оф-шор зони, а во неговата мрежа се наоѓале и неколку банки.
Името на Милан Беко неодамна се споменуваше и како еден од најголемите должници за данок во Србија. Тој се најде на т.н. „црна листа“ на српската Даночна управа како сопственик на белградското пристаниште, со даночен долг од речиси една милијарда динари (околу 8,3 милиони евра).
Српскиот бизнисмен денеска беше застрелан со два куршуми в стомак пред неговиот дом во Белград. Напаѓачот го чекал во заседа.
(ВИДЕО) Бизнисменот Беко стабилен по операцијата, но лекарите не даваат прогнози
(ВИДЕО) Бизнисменот Беко стабилен по операцијата, но лекарите не даваат прогнози