19 Декември, 2025
0.0476

Кој е нај-бабам во Битола? Од дивиденда наплати 8 милиони евра!

Објавено во: Економија 12 Март, 2024 11:29

Добивај вести на Viber

Вложувањата во зелена енергија се исплатливи само ако имаат бенефицирана цена од државата и ако струјата се произведува од ветар, од метан или од вода. Еве ЗК „Пелагонија“ чекаше седум години и од својата паметна инвестиција во „Пелагонија Енерџи“ наплати дивиденда од 8 милиони евра. За тие што не знаат, а мислат дека има пара во фотоволтаиците, „Пелагонија Енерџи“ прави струја од шталско кравјо ѓубре и за секој произведен мегаватчас наплатува 180 евра!

Најголемиот македонски земјоделски комбинат ЗК „Пелагонија“ од Битола има исклучителна и уникатна година. Во услови кога од земјоделите тешко се врзува крај со крај најголемиот земјоделски комбинат излезе компанија со најуспешна инвестициска компонента.

ЗК „Пелагонија“ од својата фирма за производство на струја од метан успеа да наплати 8 милиони евра дивиденда. Тоа што во билансот на успех е книжено во ставката финансиски приходи од удел во добивка на придружени компанија всушност е акумулирана оданочена добивка на нејзината фирма ќерка Пелагонија Енерџи ДООЕЛ Битола која е еден од двата повластени производители на електрична енергија од биогас односно метан од шталското ѓубре од краварските фарми на ЗК „Пелагонија“.

За секој произведен и предаден мегаватчас на електро мрежата Пелагонија Енерџи ДООЕЛ Битола наплаќа по 180 евра. Низ годините кои работи, а работи од 2017 година оваа компанија акумулира добивка која сега ја исплатила како дивиденда на нејзината фирма мајка ЗК „Пелагонија“. Потврда на оваа информација може да се најде и во Образложението кон финансискиот годишен извештај на ЗК „Пелагонија“ за 2023 година.

Од своето редовно работење ЗК „Пелагонја“ лани оствари добивка од 159.000 евра.Оваа добивка е остварена од приходи од продажба вредни 15 милиони евра. Заедно со дивидендата од „Пелагонија Енерџи“ добивката на битолскиот земјоделски комбинат изнесува 8,2 милиони евра.

Она што заслужува посебно внимание од анализата на финансиските резултати е тоа што оваа компанија лани ги намалила обврските за 14 милиони евра. На крајот на 2023 година тие изнесуваат 20 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии