Кој е најголем македонски производител? Лани продаде леб за 12 милиони евра!
Објавено во: Економија 09 Мај, 2022 07:35
„Жито Лукс“ е најголемиот скопски, а воедно и македонски, производител на леб. Според официјалните податоци од продажбата на основниот прехранбен продукт лани инкасирале речиси 12 милиони евра! Што не очекува и ќе има ли лебна криза заради војната од Украина и зависноста од брашно од соседна Србија?
„Жито Лукс“ е доминантен производител и продавач на разни видови леб на домашниот пазар. Лани само од продажба на леб инкасирале 11,9 милиони евра и со тоа оваа голема компанија останува доминантен продавач на леб на домашниот пазар. И покрај тоа што лани во споредба со 2020 година продажбата на леб е намалена за 1,13 милиони евра.
Според официјалните достапни податоци од годишниот извештај на „Жито Лукс“ достапни на следниот линк https://www.seinet.com.mk/?docID=59231 продажбата на „Жито Лукс“ лани изнесува 16,6 милиони евра. Во неа продажбата на брашно учествува со речиси 3 милиони евра. Продажбата на останати прехранбени продукти (пецива) учествува со помалку од 2 милиони евра.
Најновите финансиски податоци за работењето на „Жито Лукс“ може да ги прочитате во нашата анализа на следниот линк ЗАГУБА ОД НАД 500 ИЛЈАДИ ЕВРА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ - „Жито Лукс“ најавува раст на цените на производите, но редовно снабдување за граѓаните
Како ќе влијае војната во Украина врз снабдувањето со леб?
Целата домашна индустрија за производство на леб е целосно изложена на влијанијата на берзанските цени на пченицата и брашното. Македонија има многу мало производство на пченица и работата на пекарската и лебарската индустрија во огромна мерка зависи пред се од српското производство. Воедно лебарите велат дека и квалитетот на српската пченица е неспоредливо повисок од нашиот што производството го правi поевтино.
Со оглед на состојбата во Украина и војната која беснее подолго од два месеци се поизвесно е дека во уште поголема мерка нашата економија и општество ќе зависи од српскиот пазар на пченица и на брашно. Недостигот на украинска пченица на сегашната регионална побарувачка несомнено ги зголеми и ќе продолжи да ги зголемува цените на српската пченица и брашно. Особено затоа што постојано растат цените на нафтените деривати и на струјата од кои зависи производството на пченица и преработката во брашно и леб, а нема никакви изгледи за смирување на состојбата во Украина.
Дополнително отежнувачко за домашната лебарска индустрија е фактот што власта свесно им го отежна работењето со тоа што забрани трговска маржа за продажба на леб. Тоа ги демотивира трговците навреме на плаќаат за продадениот леб на производителите и тоа во услови кога цените на бензините, нафтата и струјата значајно се зголемија. А наплатата на лебарите стана уште понеизвесна.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




