Кој е најголемиот производител на грозје во Македонија? Заработи 6,6 милиони евра за една година!
Објавено во: Економија 01 Април, 2024 07:31
Во годината која заради климатските фактори беше една од полошите за лозарите кавадаречки ГД – Тиквеш успеа да ја зголеми продажбата за 29 отсто, а од извоз на грозје да инкасира 4,2 милиони евра
Кавадаречката аграргна компанија „Гоце Делчев“ ГД – Тиквеш е најголемиот производител и продавач на винско и трпезно грозје во земјава. Најновите податоци од финансискиот извештај за 2023 година покажуваат дека оваа компанија успеала да продаде винско и трпезно грозје за вкупно 6,6 милиони евра. И тоа во годината во која заради климатските услови и влажното лето родот беше помал од очекуваниот.
Сепак ГД – Тиквеш успеа да ја зголеми својата продажба за 29 отсто односно за 1,5 милиони евра.
Оваа кавадаречка компанија одгледува грозје на повеќе од 1.000 хектари лозови плантажи во највинскиот македонскио регион – Тиквешијата. Од тоа околу 70 отсто се плантажи за винско грозје, а 30 отсто се плантажи за трпезно грозје кое вистински деликатес на домашните трпези и за извоз.
Според структурата на билансот на успех лани оваа компанија на домашниот пазар пласирала грозје во вредност од 2,4 милиони евра. ГД – Тиквеш е значаен извозник на македонско грозје. Од извоз лани наплатиле 4,2 милиони евра. За почит и пофалба е фактот што оваа домашна компанија лани успеала да го зголеми извозот за 15 отсто во однос на 2022 година.
Сепак не е се идеално. Големиот раст на приходите на ГД -Тиквеш е проследен со поголем раст на неговите оперативни расходи. Нивната вкупна вредност во 2023 година достигнала 6,33 милиони евра односно 18 отсто повеќе од претходната споредбена 2022 година. Најголема расходна ставка се трошоците за суровини и материјали во износ од 2,86 милиони евра. Во однос на претходната година се зголемени за 30 отсто. За ангажман на вработени лица оваа компанија платила 1,27 милиони евра и тоа е втора најголема расходна ставка.
Заради зголемените оперативни трошоци и финансиски расходи оваа компанија лани работела со добивка која е преполовена во споредба со 2022 година. Минатата година добивката на ГД – Тиквеш изнесувала 115.00 евра.
Оваа кавадаречка компанија успеала за период од три години да ја зголеми продажбата на грозје за 60 отсто. Но паралелно со тоа податоците покажуваат преполовување на оперативната добивка.
Доминантен сопственик на оваа компанија е Ристо Милев од Кавадарци. Тој поседува 82 отсто од акциите со право на глас.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




