Кој е најљубоморен знак во хороскопот: Ракот се однесува како дете, Водолијата вешто ја крие љубомората
Објавено во: Општо 06 Април, 2018
Ниеден хороскопски знак не е имун на љубомората, но интензитетот и начинот на кој ја покажува се различни. Скорпиите се најлоши, а Водолиите најблаги. Сепак, дознајте ги љубоморните знаци кај секој хороскопски знак и препознајте ги предупредувањата кај партнерот.
Овенот е најстрастен во изливите на љубомора
Овните имаат проблем со апсолутната доверба, па знаат често да го следат секој чекор на партнерот и да го анализираат. Штом им се јави црвот на сомнежот реагираат импулсивно и моментално без оглед каде се и со кого се. Со оглед на тоа што често се искомплексирани, од нив може да очекувате сешто – од фрлање чинии до закани и лути реакции. Сепак, ако се однесувате коректно и ги демантирате нивните сомнежи, љубомората веднаш им исчезнува како ништо да не било.
Бикот е истражувач, но знае да ве задуши со љубомората
Иако припадниците на овој знак се добродушни и тежнеат кон хармонични врски, ако ја разбудите нивната љубомора и сомнежи, очекувајте голема недоверба во иднина. Не избрзуваат со заклучоци, но ќе откријат и предвреме дали имате намера да ги изневерите. Дури тогаш бидете подготвени за напад од навреди и тешки зборови, бидејќи најмногу мразат кога ќе ја изгубат контролата над ситуацијата.
Близнаците се сомневаат поради личното однесување
Иако лично не се склони кон љубоморни сцени припадниците на овој знак се сомневаат во верноста на партнерот бидејќи и самите често флертуваат. Сепак, остануваат смирени и го наведуваат партнерот сам да го открие своето неверство, доколку го има. Но, нема да бидат среќни доколку се докаже дека се во право.
Љубоморниот Рак се однесува како дете
Припадниците на овој знак целосно се предадени на љубовта, а иако не се склони на песимистички размислувања за неверство, тешко ќе ги погоди секоја закана за нивната врска. Погледи под око и игнорирање се типични реакции на љубоморниот Рак. Сепак, тие чувства брзо ќе им поминат бидејќи не сакаат со своето однесување да предизвикаат дополнително оддалечување. Ако пронајдат доказ за неверство, најтешко го поднесуваат тоа од сите знаци.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.