Кој е најљубоморен знак во хороскопот: Ракот се однесува како дете, Водолијата вешто ја крие љубомората
Објавено во: Општо 06 Април, 2018 13:06
Лавот е повеќе посесивен, отколку љубоморен
Припадниците на овој знак прилично се склони на љубомора, но таа не е толку грубо изразена како кај другите знаци и често изгледа само како потврда за љубовта и нивниот интерес. Најчесто се љубоморни, поради повредената гордост, преголемите очекувања од партнерот или од страв дека не ги сака доволно. Во неверството повеќе се плашат поради ударот на нивното его, отколку предавството на љубовта.
Девиците уживаат во истражување на партнерот и неговите пропусти
Девиците, слично како и Близнаците, се сомневаат во неверството на партнерот бидејќи и самите сакаат да ги привлекуваат туѓите погледи, па претпоставуваат дека тоа го прави и нивниот партнер. Ако партнерот им даде повод за љубомора, ќе го истражат целосно неговото однесување и ќе треба голема мака за да се разубедат дека не е така и повторно да стекнат доверба.
Вагата се сомнева, но рационална е
Вагите не се склони на љубомора, но партнерот кој ја тестира нивната љубомора го очекува тешка ситуација. Ако се почувствуваат загрозени, тие рационално ќе земат предвид сè што знаат и ќе станат непредвидливи и опасни. Иако изгледаат мирни припадниците на овој знак ќе ви се осветат заради состојбата во која сте ги довеле.
Скорпијата е лидер во љубомората
Скорпиите се најљубоморен знак иако постојат исклучоци. Не се воопшто тактични кога тоа го покажуваат, не одбираат зборови и може да се чувствуваат издадено за работи на кои други и воопшто не би реагирале. Тешко ја признаваат љубомората со зборови, но таа јасно се гледа на нивното лице.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





