Кој е најљубоморен знак во хороскопот: Ракот се однесува како дете, Водолијата вешто ја крие љубомората
Објавено во: Општо 06 Април, 2018 13:06
Стрелецот веднаш ја решава проблематичната ситуација
Припадниците на овој знак немаат ниту време ниту трпение да чекаат за да видат како ќе се одвива ситуацијата или да бараат начин за да го уловат партнерот. Тие веднаш реагираат и кажуваат што им смета. Така сакаат и да се заштитат, бидејќи знаат дека не можат да издржат во долги преправања и љубоморни игри.
Јарецот поради љубомора се повлекува во себе
Ретко си признаваат себе дека се љубоморни, а најважно им е личното достоинство. Ако се љубоморни стануваат ладни, затворени и пресметливи, но не избрзуваат со реакциите. Сепак, ако пронајдат конкретни докази, тогаш засекогаш ја затвораат вратата за партнерот.
Водолијата вешто ја крие љубомората
Припадниците на овој знак по својата природа имаат многу голема доверба во партнерот, најмногу поради тоа што претходно требало многу повеќе да се потруди за да ја добие нивната љубов. Ако поминал на тој тест, ретко ќе биде на мета на љубомората која Водолијата ја смета за најлошо нешто во љубопвта. Поради тоа, кога се погодени од тоа молчат и се трудат побрзо да заборават.
Рибите се повеќе несигурни, отколку љубоморни
Рибите потполно се предаваат на љубовта , а поради тоа и како партнери се многу ранливи. Ако почувствуваат љубомора, поради несигурноста причините ќе ги бараат во себе и ќе патат. Иако со сето срце се трудат да му простат на партнерот, нивната несигурност тоа не им го дозволува.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





