05 Декември, 2025
0.0512

Кој е најомразениот пазар во светот?

Објавено во: Анализа 06 Декември, 2013 09:34

Добивај вести на Viber

Руската берза претпоставува дека економијата е скоро мртвa, но тоа е апсолутно претерување и акциите можат да бидат многу атрактивни. Веќе има доста кандидати за титулата најомразен  пазар во светот, каде влегуваат  Јапонија, САД и еврозоната. Има доста причини инвеститорите да се чувствуваат нервозени во однос на некој од нив, но повеќето за нај омразен пазар во светот го сметаат пазарот  во Русија. Според Goldman Sachs на рускиот пазар се тргува на половина од оценката на кинескиот и помалку од 40% од просекот на новите пазари. Точно е дека има многу причини на  многумина да не им се допаѓа Русија и не станува збор само за авторитативниот карактер на нејзиното управување, наведува Market Watch. Економски нејзиниот раст се забавува и станува опасно зависна од нафтената индустрија, додека цената на енергијата паѓа. Покрај тоа има ужасни демографски податоци, корупцијата е раширена и освен тоа, земјата покажува многу мала можност да создаде економија, каква имаат другите пазари во развој. Од друга страна Русија има добро образована работна сила, огромен потенцијал да се израмни со развиените земји, солидни државни финансии, ниски даноци и истовремено ја подобрува инфраструктурата. Во првата деценија по падот на комунизмот руската економија се радува на релативно брз раст, но овој наплив на енергија денес изгледа е исцрпен во голема мера. Тој беше поткрепен главно од експанзијата на нафтената и гасната индустрија, што беше потпомогната од зголемувањето на цените на енергијата. Во моментов нафтата поевтинува и тоа е проблем за Русија. Овој проблем може да стане уште поголем, ако Европа почне да развива екстракција на гас од шкрилци. Оваа година економскиот раст на Русија е едвај 1,2% - многу помалку од прогнозираното. Инфлацијата сеуште е висока, корупцијата останува широко распространета и инхибира појавата на нови компании и навистина конкурентни пазари. Нискиот наталитет и високата смртност во земјата пак се причина населението да се топи со 0,5% годишно. А за една економија е тешко да расте кога има малку луѓе. Ништо од наведеното  тука не претставува добар знак во долг рок. Министерството за економија минатиот месец ја намали прогнозата за годишен просечен раст на економијата до 2030 година од 4% на само 2,5%. Таков процент одговара на една зрела економија како Германија или Велика Британија, но не и на она што треба да е брз растечки пазар. Освен тоа не сугерира за заслужено место во БРИК, каде би требало да седат лидерите на овој век во економскиот раст. Овие негативни трендови беа потврдени и од податоците за индексот на производствена активност PMI, кои излегоа во понеделникот. Тој е паднат под 50 поени, откако во ноември производството бележи забавување. Сето ова се одразува и на берзата. Московскиот берзански индекс во моментов се тргува на екстремно ниски нивоа. Според Goldman Sachs коефициентот P / E (цена / добивка) на индексот MICEX е само 4,2 пати во однос на 8,2 пати за Шангајскиот индекс. При овие нивоа сето изгледа како Русија да  исчезнува во економска бездна. Покрај изобилството од проблеми, постојат некои работи кои одат добро во Русија. Таа располага со добро образована работна сила и брилијантен техничка историја. Процентот на писменост на населението и е повисок од оној во Кина и Бразил, според истражувањето на Renaissance Capital. Мобилните и широкопојасните нејзините врски се најдобри меѓу пазарите во развој. Да не го пропуштаме и развивојот на технолошкиот сектор во земјата, кој допрва има да расте. Исто така државниот долг на земјата е неверојатно низок, во споредба со оние на останатите земји во светот. Во моментов тој изнесува едвај 10% од БДП, а голем дел од развиениот свет не може ни да се замисли такви бројки во скоро време. Па во Русија има доволно многу можности владата да зема заеми и да троши, ако тоа биде потребно. Уште поважно, потрошувачките обврски исто така се многу ниски, делумно затоа што банкарскиот систем е релативно слабо развиен. Долгот на домаќинствата е само 3% од БДП. За споредба во Велика Британија тој достигна ниво од 84% од БДП, но таков процент не би се одразил добро на Русија. Наместо тоа, ако тој се зголеми до оној на Кина (16%) или на Полска (20%), може да даде сериозен поттик за трошоците. Реформата сепак е во застој. Владимир Путин не сака либерализација во ниту една сфера и тоа ја вклучува и економијата. Но ако цената на нафтата продолжи да паѓа, Владата нема да има друг избор освен да дејствува. Ако економијата биде ослободена, нејзиниот раст  може брзо да се забрза. Проблемот на Русија е дека се уште се потпира на енергетските ресурси и сеуште не произведува нешта што остатокот од светот би сакал да ги  купи. Тоа дека сеуште не го има направено, не значи дека не може да создаде, но ќе потрае подолго од очекуваното. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени