01 Ноември, 2024
0.0382

Кој е најуспешниот македонски холдинг? Од учество во добивка на своите фирми заработи 6 милиони евра!

Објавено во: Економија 13 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Факти наспроти бројни контроверзи и шпекулациии. Повеќе од 30 години успешна работа, изграден холдинг што контролира или учествува во управувањето на повеќе од 15 компании и ангажира повеќе од 2.500 вработени. Тој имот и бизниси не паѓаат од небо туку макотрпно се создавани и градени, со исклучителна посветеност, ангажман и челична самодисциплина. Затоа и не треба никого да го чуди тоа што „Орка холдинг“ сега на своите 30 години постоење има приходи од 6 милиони евра само од учество во добивка на своите компании, а за претходни години од своите добивки исплати дивиденда од 7 милиони евра. Ќе беше поинаку мала пазарна економија како нашата да има уште неколку вакви холдинзи, да имавме материјал за тргување на берза со ваков потенцијал и квалитет... „Форбс“ не греши, а семејните бизниси на Камчеви даваат мерливи резултати кои, очигледно, поставуваат нови нивоа

„Орка холдинг“ е едно од најуспешните македонски друштва кои се специјализирани за управување. Фактите покажуваат дека за минатата година оваа семејна компанија остварила вкупни приходи од 7,11 милиони евра, а дури 85 отсто од нив се приходи кои се од учество во добивка на друштва со кои управува оваа компанија односно има акции или удели во тие компании.

Компаниите со оваа дејност, а да се домашно поседувани, се вистинска реткост и затоа вреди да се анализа годишниот извештај на ова друштво јавно достапен на следниот линк https://mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%9E%D0%A0%D0%9A%D0%90%20%D0%A5%D0%9E%D0%9B%D0%94%D0%98%D0%9D%D0%93%20%D0%90%D0%94%20%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%20-%203328_001%20(1)20220722084504.pdf

Како што е наведено во годишниот извештај на „Орка холдинг“ друштвото учествува во управувањето со повеќе од 15 компании од различни економски сфери, а меѓу најпознатите од нив е приватната клиничка болница „Аџибадем Систина“, најголемата аграрна компанија ЗК „Пелагонија“ од Битола, хотелот во центарот на градот кој работи под франшиза на „Ибис“, млекарницата „Радово“, полошкиот производител на леб и брашно „Жито Полог“, модниот бренд „Кара“ и други компании кои се водени од холдингот или пак има учество во управувањето.

Од годишниот извештај на холдингот е јасно дека над 6 милиони евра се приходи од учество во добивката на компании кои минатата година ја завршиле со добивка и по тој основ исплатиле дивиденда од акциите или добивка од уделите кои ги има во сопственост „Орка Холдинг“.

Според официјалните податоци другите приходи на „Орка холдинг“ се по 5 отсто од: продажба на акции, приходи од услуги и од останати приходи на компанијата.

„Орка Холдинг“ има два акционери, правни лица, кои на три собранија носат одлуки за исплата на дивиденда во вкупна вредност од 7 милиони евра од добивките на друштвото во 2019 и во 2020 година. Акционери на холдингот се „Камчев консалтинг“ со 67 отсто од акциите и друштвото „Орка Фајнанс“ кое поседува 33 отсто од акциите.

„Орка Холдинг“ е компанијата која постои повеќе од 30 години, а е основана како фирма со околу 60 вработени лица. Сега ова друштво преку фирмите со кои управува или учествува во нивното управување ангажира индиректно повеќе од 2.500 вработени лица.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈСКАПАТА НЕДВИЖНИНА Е ВО ЕВРОПА, СТАВЕНА Е НА ПРОДАЖБА: Ова се петте најскапи имоти кои се продаваат

НАЈСКАПАТА НЕДВИЖНИНА Е ВО ЕВРОПА, СТАВЕНА Е НА ПРОДАЖБА: Ова се петте најскапи имоти кои се продаваат

Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

Владата се согласила да им плати на банките за администрирањето на унгарскиот кредит од 250 милиони евра

За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе

За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ - Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

ОСТРИ КРИТИКИ ОД ЕК ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ И ДРЖАВНАТА ПОМОШ - Фајненс тинк со осврт на забелешките од извештајот

МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ - Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните

МЕРКАТА ЗАВРШИ, ТРГОВЦИТЕ НА ПОТЕГ - Мицкоски најави жестока битка со нив за да го заштити стандардот на граѓаните

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 2025 ГОДИНА - Шест од 10 вработени посакуваат нова работа, газдите да не си мислат само на профитот

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 2025 ГОДИНА - Шест од 10 вработени посакуваат нова работа, газдите да не си мислат само на профитот

ПРВА ЖРТВА НА КРИЗАТА НА ФОЛКСВАГЕН: Германскиот концерн Бош отпушта седум илјади работници

ПРВА ЖРТВА НА КРИЗАТА НА ФОЛКСВАГЕН: Германскиот концерн Бош отпушта седум илјади работници

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - еве како се зголемува добивката за 46 проценти

МАКЕДОНЦИТЕ „НАГАЗИЛЕ“ НА КУПУВАЊЕ НОВИ КОЛИ, А ПРОФИТОТ „НАГРНА“ НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - еве како се зголемува добивката за 46 проценти

БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат

БЛАГИТЕ ЗИМИ НОСАТ ПРОМЕНИ ВО НАВИКИТЕ: Тешко се продаваат дебели капути, јакни, но и длабоките чизми заостануваат