Добивај вести на Viber
Професорот од Техничкиот факултет-Битола Дејан Трајковски, направи анализа за тоа кој за што е одговорен во ЈП „Комунална хигиена“,
„Сиџирот на одговорноста за еколошката катастрофа со сметот во Скопје
Случајот со неотстранувањето на сметот во Скопје во последните месеци го отвори прашањето за одговорноста во јавните претпријатија, и тоа не само на извршниот директор, туку и на управувачките и надзорните органи, како и на градските власти кои се основачи на претпријатието.
Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ има јасно дефинирана структура на управување. Директорот го води секојдневното работење, Управниот одбор (УО) поставува стратегии и носи одлуки за развој и кадровска политика, Надзорниот одбор (НО) ја врши контролата врз работењето на УО и директорот, а над сите нив стои Собранието на претпријатието, односно Советот на Град Скопје и градоначалникот, кои имаат право да именуваат и разрешуваат органи кога работата на претпријатието е доведена во прашање.
Во медиумите беше објавено дека директорот Сабахудин Рустеми и управителот за отпад на ЈП „Комунална хигиена биле приведени и ставени во притвор поради сомнение за кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад.
Се појавија и изјави, пренесени од адвокати, дека директорот барал од Управниот и Надзорниот одбор дополнителни ресурси, односно механизација, работна рака и финансиски средства, но наводно не добил поддршка. За таквите тврдења, сепак, не можат да се пронајдат јавно достапни документи или записници, односно нема објавен службен документ што би покажал дека директорот навистина поднел официјално барање до УО или НО, ниту пак постои записник од седница каде тие барања биле разгледани и одбиени.
Од друга страна, Управниот одбор на претпријатието јавно соопшти дека веќе подолго време алармира за оперативен и финансиски колапс во претпријатието и дека дури барал разрешување на директорот поради неспособност за управување. Ова упатува на тоа дека самиот УО ја гледа одговорноста кај директорот, а не обратно. Ова лесно може да се провери од записниците во претпријатието.
Според принципите на управување со јавни претпријатија, директорот е одговорен за секојдневното оперативно функционирање, односно да обезбеди дека сметот се собира, возилата работат и вработените ги извршуваат работните задачи. Управниот одбор има задача да ги постави стратегиските насоки, да го контролира директорот и да му обезбеди услови за работа, додека Надзорниот одбор мора да следи дали и директорот и Управниот одбор постапуваат законски и работаат ефикасно. Надзорниот одбор има право и да го разреши Управниот одбор.
Ако директорот навистина поднел барање за дополнителни ресурси, а Управниот одбор и Надзорниот одбор не реагирале, тие би имале одговорност поради пропуст во надзорната функција. Затоа сите барања мораат да се поднесуваат во писмена форма. Но, ако нема доказ за такво барање, тогаш главната одговорност останува врз директорот, бидејќи токму тој ја носи крајната одговорност за тоа дали сметот е собран или не.
Над УО и НО стои градската власт, односно Советот на Град Скопје и градоначалничката, кои имаат улога на основачи и највисок надзорен орган на јавното претпријатие. Градот има можност да побара извештај и, доколку утврди неправилности, да ги разреши Управниот и Надзорниот одбор. Меѓутоа, и тука нема јавно достапни докази дека Советот или градоначалничката Данела Арсовска се состанале или донеле одлуки во врска со кризата.
Сумирано, синџирот на одговорност оди од директорот, кој е извршно одговорен за работењето, преку Управниот одбор што треба да обезбеди услови и контрола, па до Надзорниот одбор кој има обврска да ги следи и двата органа, и завршува кај Советот на Град Скопје и градоначалникот, кои се крајни надзорници и заштитници на јавниот интерес.
Без разлика на правната одговорност, која може лесно да се утврди следејќи го синџирот на одговорноста, политичката и јавната одговорност на власта остануваат неоспорни, односно сведоци сме на досега невиден системски и институционален неуспех бидејќи не се реагирало на време“, објави тој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: