19 Декември, 2025
0.0397

Кој е првиот милијардер во Албанија, а инвеститор во Македонија?

Објавено во: Балкан 05 Август, 2013 18:58

Добивај вести на Viber

Првиот милијардер во Албанија е Самир Мане, претседател и извршен директор на компанијата Балфин груп (Balfin Group) денеска објави Агенцијата Уелт Х (Wealth X). Неговото богатство се проценува на 1,2 милијарда долари.

„Малку е познато за ултрабогаташите во новите економии, како што се Албанија. Очекуваме дека наскоро ќе ги дознаеме милијардерите и од соседните земји на Албанија“, велат од агенцијата.

Балфин груп е најголемата приватна компанија во Албанија, која се занимава со недвижности, со услуги во управувањето, електроника и мода на мало. И компанијата Нептун е во сопственост на Мане. Седиштето на оваа компанија е во Виена, а има продажни места во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија.

Мане ја напуштил Албанија веднаш по падот на комунизмот, по што бил сместен во бегалски камп на 20 километри од Виена. Кратко време работел како преведувач, а во 1993 година ја основал компанијата Албатрејд за трговија со електронски апарати.

Во 2011 година групацијата Балфин инвестираше 48 милиони евра за изградба на најголемиот трговскиот центар во земјата со 90 илјади квадратни метри. Центарот се наоѓа во Тирана.

Исто така Балфин груп се јавува и како еден од инвеститорите во трговскиот центар Скопје сити Мол (Skopje City Mall).

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен