Кој е спремен да плати 1,45 милиони евра за акции во железарска валавница?
Објавено во: Економија 18 Декември, 2020
Новиот сопственик на железарската валавница „Либерти Галати“ е спремен да плати по 40 денари за акција која нема книговодствена вредност! На слободен пазар се над 2,2 милиони евра и нивната вредност изнесува 1,45 милиони евра
Актуелниот сопственик на скопската железарска компанија „Либерти“ (поранешен „Арчелор Митал“ даде јавна понуда за откуп на сите акции на малите акционери во скопската компанија за валани челични лимови. Информација за намерата е објавена на веб страницата на „Македонската берза за хартии од вредност“, а целата документација за јавната понуда е достапна за сите заинтересирани продавачи на акции на веб страницата на скопската компанија „Либерти“ која има седиште во скопска Железара (н.з. дел од поранешната компанија „Рудници и железарница“).
Новиот сопственик „Либерти Галати Скопје Лимитед“ со седиште во Лондон, Велика Британија, е подготвен да ги откупи сите слободни акции во оваа компанија кои сега ги поседуваат мали акционери. Единствената цена за секоја акција изнесува 40 денари, а важи за 2.227.750 акции со право на глас кои сочинуваат 6,76 отсто од сите акции во таа компанија. Лондонската компанија ги купи акциите во скопската фирма од „Арчелор Миталл Холдингс“ и сега поседува 93,24 отсто од сите акции со право на глас во таа компанија.
Новиот сопственик е подготвен да плати 1,45 милиони евра за останатите слободни акции по цена од 40 денари за акција. Понудата важи од 16 декември годинава до 12 јануари идната година. Во проспектот на понудата, достапен на веб страницата на „Либерти“ Скопје пишува дека нема лимит за успешност на јавната понуда што значи дека макар и една понудена акција ќе биде откупена.
Во последнава година оваа акција не се тргувала често на нашата берза. Според официјалните податоци во период од една година биле истргувани вкупно 4.778 акции во ценовна маргина од 38 до 45 денари за акција. Последното тргување е реализирано на 17 ноември годинава кога се истргувани 3.000 акции по единствена цена од 44 денари за акција.
„Либерти“ во последните три години правела приходи кои се повисоки од 100 милиони евра годишно, но трите години ги завршувала со загуби во работењето. Ланската загуба од оперативното работење надминува 7 милиони евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.