Кој ги гради фабриките за странските инвеститори во технолошките зони во Македонија?
Објавено во: Економија 18 Јуни, 2024 07:50
Зоран Кондратенко и Оливер Костовски, сопствениците на компанијата Енерго Систем, влегуваат во бизнисот со изградба на фабрики во слободните индустриски зони за странските инвеститори, а на крајот останува да се види дали тоа ќе им донесе добра заработка.
Едната фабрика двајцата партнери ќе ја градат во зоната Скопје 2 преку нивната фирма Енерго Систем Инсталации, а другата во Штип заедно со Стентон Градба преку конзорциумот Кес Пропертис кој е основан од Енерго Систем и битолската градежна компанија.
Двете одлуки за давање под закуп на локации во индустриските зони „за закупецот на земјиште кој ќе гради објект за потреби на иден корисник“ се одобрени на претходни седници на владата. Одлуката за Енерго Систем Инсталации е донесена на 24 април, а таа за Кес Пропертис е донесена лани на 20 март, само неколку месеци откако е формиран конзорциумот. Не е експлицитно кажано кој потоа ќе ги купи овие фабрики, иако може да се претпостави според најавите за инвестирање.
Експертите кои што ги контактиравме ни рекоа дека од правна смисла може да му се даде земјиште под закуп во индустриските зони прво на фирмата што ќе ја изгради фабриката, а потоа таа треба да му ја продаде фабриката на странскиот инвеститор и да го отстапи плацот за користење. На тој начин, велат тие, прописите потоа им овозможуваат уште подобар пристап до државните субвенции на странските инвеститори, доколку власта „го избере градителот на нивниот индустрискиот објект“.
Енерго Систем Инсталации и Кес Проперти се фирми кои се наоѓаат на блиска адреса во Кисела Вода. Енерго Систем Инсталации е формирана во 2010, но во текот на минатата година, а ниту ни претходните, немала никакви финансиски активности. Имала само 1,1 милиони денари приходи и загуба од 6.000 евра. Кес Пропертис имал приходи од 50.000 евра и направени трошоци од 210.000 евра во 2023. Дека започнала инвестицијата и работата „на терен“ покажува направеното финансиско задолжување од 8,57 милиони евра минатата година, според податоците од централниот регистар.
Инаку Енерго Систем, најпознатата компанија на Кондратенко и Костовски, се сопственици на уште една новоформирана фирма со слична дејност за „изградба и управување со недвижности“. Станува збор за Индустриал Пропертис, во која сопственик е и битолската Стентон Градба.
Најпознат градител на фабрики за странските инвеститори во индустриските зони низ Македонија е АИМ, компанијата на Рајес Леменс, почесен конзул на Македонија во Антверпен, Белгија.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




