25 Ноември, 2024
0.0249

Кој ги префрла заработените пари од Македонија во Грција?

Објавено во: Економија 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов посочува на голем одлив на капитал од компании кои работат во Македонија кон нивните мајки фирми во странство. За колкав износ станува збор, Богов најави кон крајот на годината, сега само обелодени дека само една компанија од нефинансискиот сектор има одлеано околу 1 процент од БДП (околу 70 милиони евра) кон Грција. Гувернерот не сакаше да открие за која компанија станува збор, но беше дециден дека тоа не е ОКТА, ниту пак некоја од македонските деловни банки, чии сопственици се Грци. „Во секој случај тој одлив е доста голем. Не би кажувал имиња на компании, во секој случај тоа не е ОКТА“, тврди Богов. Инаку, Грција е трет најголем странски инвеститор во Македонија. Окта, „Цементарница Усје“, „ Веро,Стопанска банка АД Скопје“, „Алфа банка“, „ Жито Лукс се само дел поголемите грчки компании кои долги години се активни на македонскиот пазар. Во последните две децении вкупните грчки инвестиции во државата според расположливите информации изнесуваат околу милијарда евра. Сепак, освен овие условно кажано гиганти, треба да се потенцира дека во Македонија функционираат и околу 300 грчки компании кои се инволвирани во сите сектори. Ако не е ОКТА, ниту пак банките, тогаш која компанија повлекла 70 милиони евра од нашите банки и ги префрлила кон нивните мајки фирми. Дали е тоа „Цементарница Усје“, „Веро“, „Жито лукс“ или пак можеби некоја друга компанија? Гувернерот само вети дека на крајот на годината ќе го соопшти вкупниот износ на изнесени пари од Македонија. Конечно, првиот човек на централната банка, Богов, само го потврди она што здружението на банкарите веќе го обелоденија, а тоа е дека депозитите на компаниите во Македонија значајно се намалуваат. Прашањето кое сега исто така се поставува е дали штедните влогови фирмите ги повлекуваат од банките, пренасочувајќи ги кон своите мајки компании, со што пак на некој начин нанесуваат сериозен удар врз македонската економија. Иако банкарите, смируваат дека не се работи за масовно повлекување пари. Интересен податок е што голем дел од парите се префрлаат во Грција. Зошто? Дали грчкиот капитал има намера да се сели од македонскиот пазар? Дали се подготвува политичка игра или пак компаниите со грчки сопственици кои делуваат во нашата земја само се обидуваат колку толку да придонесат за ублажување на грчката криза од која трепери цела Европа. 2013 - та, година на поскапувања на храната  Народната банка на Македонија прогнозоира на повисоки трошоци на живот до крајот на 2012 година, а овој тренд ќе продолжел и во 2013 година. „Цените на храната се многу значајни за македонската економија и затоа нивното движење на светските берзи е од голема важност. Во оваа година имаме мала надолна ревизија во однос на она што го имавме претходно, додека за 2013-та година ревизијата е нагоре, значи повисоки цени“, изјави Богов. Инфлацијата наместо првично проектираните 2,2% ќе се зголеми и ќе достигнат до 3,5% во 2013, додека годинава ќе заврши со инфлација од 3,4%. Стабилизирање, посочуваат од НБРМ се очекува дури во 2014 година. Македонската економија годинава ќе стагнира Оптимистичките проекции на владата за раст на економијата од 4,5%, па и тие на НБРМ од 3% се стопија на само 60-тина дена до крајот на годината. Гувернерот Богов за 2012 не прогнозира пораст на економијата, напротив стагнирање. За следната 2013 се предвидува умерен раст кој треба да изнесува 2,6%, но само доколку се остварат новите приватни и јавни инвестиции. Гувернерот смета дека промашувањата во проекциите за економскиот пораст се должат на светската неизвесност. „Така е кога неизвесноста е голема, кога се менуваат околностите од ден за ден, кога на финансиските пазари владее исклучително голема несигурност и инвеститорите веќе не знаат каде да инвестираат. Така што тоа е нормална пракса, ако може ММФ да погреши, ако може Светска банка, ако може Европската комисија, тогаш можеме и ние“, изјави Богов. И минусот во државната каса е пробиен уште во септември. Според последните податоци кои ги обелоденува министерството за финасии, потрошени се сите пари од дозволениот буџетски дефицит што владата го планираше за 2012 година. Ако е за утеха, според најавите од НБРМ во следните две години се очекува зголемување и на приливите на капитал - остварување на најавените странски инвестиции, но и надворешно задолжување на земјата. Влошување во следните две години се очекува на тековната сметка, поради полоши очекувања за трговското салдо, но истовремено и зголемени капитални приливи. Народна банка очекува пониски капитални приливи годинава, но тие сепак би биле доволни за покривање на дефицитот на тековната сметка. Макроекономската проекција за следните две години е подготвена со проектираниот минус на тековната сметка од 3,5%. По сево ова, нема причина да не бидеме оптимисти, оти, барем ќе ја преживееме следната година, или ако сакате песимисти, дека ќе биде тешка барем како оваа, зависи од призмата на гледање. Она што веројатно клучно ќе влијае и в година врз македонската економија, секако ќе бидат случувањата во Европа, но и во соседството, особено Грција. Првичните најави дека треба да бидеме претпазливи се остварија, по вчерашната изјава на Богов. Грчките фирми, на еден или на друг начин ќе продолжат да ги селат добивките од Македонија, а тоа секако нема да биде добро за нашата ранлива економија. И.М.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“