Кој го купи ФК „Вардар“? Продаден „топтан“ за 32.520 евра!
Објавено во: Економија 27 Октомври, 2021 07:57
Секоја акција на најтрофејниот македонски фудбалски клуб е продадена по цена од 20.000 денари. Со купувањето на сега веќе второлигашот „Вардар“ новиот газда превзеде и натрупани долгови во износ од три милиони евра, а само за лани загубата е еден милион евра
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Ф.К. „Вардар“ од вчера има нов сопственик кој за македонската фудбалска гордост плати 32.520 евра. СО блок трансакција вчера на берзата беа продадени сите 100 акции на Ф.К. „Вардар“ по цена од 20.000 денари за акција. Прометот „топтан“ изнесува 2 милиони денари. Продавач на сите акции е ракометниот клуб „Вардар“ , кој пак е сопственост на бизнисменот Сергеј Самсоненко.
Со оваа трансакција заврши втората продажба на македонската национална фудбалска гордост „Вардар“ клубот што повеќе од десет пати го освои националното првенство во фудбал на самостојна Македонија, клубот што една година беше првак во фудбал во СФР Југославија, гордоста на скопските фудбалски фанови и на сите љубители на фудбалот во Македонија.
По 20 години прволигашки статус во македонската фудбалска лига „Вардар“ годинава, за прв силите ги одмерува во втората македонска фудбалска лига -запад.
Новиот сопственик, чие име дополнително официјално ќе биде објавено во финансискиот извештај за 2021 година што треба да биде доставен до берзата, всушност со купувањето на најтрофејниот клуб превзеде и долг од три милиони евра од кои еден милион евра се „дупка“ од финансиското работење во 2020 година.
Пред околу два месеци домашните медиуми објавија дека Град Скопје донел одлука со која одобрил продажба на ФК „Вардар“ на скопската компанија „Блу Скај“.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




