07 Октомври, 2024
0.0257

Кој и дава 11 милијарди евра на Атина?

Објавено во: Балкан, Економија 05 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Ципрас ќе бара пари и од Путин?!

За спасувачката програма на Грција за да биде продолжена во текот на летото и требаат 11 милијарди евра. Овој план на Европската централна банка и државите од Еврогрупата се дискутира во моментов напорно според информации на германскиот „Ди Велт“с.

Според него договорот истекува на крајот на јуни, а за спасувачка програма на Атина и треба да се продолжи со неколку месеци до крајот на летото, додека преговорите меѓу Грција и кредиторите не завршат успешно. Станува збор за 11 милијарди евра, кои ќе и бидат доделени дополнително.

„Технички тоа е неизбежно. Нема друг начин за Грција да избегне банкрот и да остане во еврозоната“, коментира учесник во преговорите за весникот.

Се размислуваат приготвените средства  за следената транша, да се опуштат за рекапитализација на грчките банки. Идејата била понудена уште пред неколку месеци од ЕЦБ и некои од земјите од еврозоната. Сеуште не е добиено одобрение од сите. Претежно Германија инсистира Атина да обезбеди почитување на планот со реформи, со кој се согласи да се земат претходните транши од помошта.

Во меѓувреме, Грција доби дозвола да искористи едно ретко правило на ММФ и да го одложи плаќањето на четирите свои придонеси за јуни. Атина се договори со Фондот да ги плати своите обврски одеднаш на крајот на месецот. Станува збор за вкупно 1,5 милијарди евра. Оваа одлука премиерот Ципрас ја има преземено по средбата со шефовите на Еврокомисијата и еврогрупата Жан-Клод Јункер и Јерун Диселблум во Брисел во средата. На неа тој не успеа да се избори да биде усвоен грчкиот план за реформи. За да не ја испразни касата и да има пари за плати и пензии, Ципрас одлучил да го одложи враќањето на долговите кон ММФ, за кои до неодамна Грција ветуваше дека ќе бидат исплатени во кажаниот рок. Можноста да се одлагаат плаќања постои, но се користи исклучително ретко.

Додека Брисел дискутира што да се случува со преговорите, Ципрас објави дека претстои нова средба со рускиот претседател Владимир Путин. Официјално преговорите ќе се за дотур на енергија, но се смета дека Атина ќе бара пари и од Москва.

До денеска не беше јасно дали ќе има нова средба меѓу Ципрас, Јункер и Диселблум. Се очекуваше таква да има денеска навечер, но од Брисел до последно откажуваат.

Во исто време Ципрас се покажа постиснат и од своите сопартијци. Тврдото крило во „СИРИЗА“ категорично одбива да се усогласат со барањата на Брисел и кредиторите и се инсистира да се свикаат предвремени избори, а не да се преговара. Предлогот доаѓа од заменик-социјалниот министер Димитрис Стратулис - еден од тврдокорните членови на кабинетот. „Ако кредиторите не отстапат од пакетот, бараат откуп од Владата, ќе треба да побараме алтернативни решенија - избори“, изјавил Стратулис.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути