09 Октомври, 2024
0.0262

КОЈ И ШТО СЕ ОБИДУВА ДА ГРАДИ: Стопирани градежните активности кај парк шумата Гази Баба

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Инспекторатот на Град Скопје, инспекциските служби на Општина Гази Баба и СВР Скопје, вчера и денеска ги идентификувале потенцијалните инвеститори, кои започнале градежни активности во парк шумата Гази Баба, по што сите градежни зафати се стопирани.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска информира дека сопствениците на локацијата ќе бидат повикани на информативен разговор.

– Од понеделник ќе издадеме задолженија во рок од три дена да биде отстранет песокот што е нанесен, во спротивно песокот ќе го отстрани ЈП „Улици и патишта“ на сметка на сопствениците, изјави Шилегов, кој денеска заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски посетија дел од булеварот „Александар Македонски“ каде е во тек акцијата за чистење на јавниот простор и улиците на општината.

Градоначалникот Георгиевски информираше дека во парк шумата Гази Баба во последните 10 има голем интерес за градежни активност од страна на Бутел, Чаир, Автокоманда или Железара и нагласи дека ова подрачје од 120 хектари е заштитено со закон и ќе остане за зеленило, спорт и рекреација.

– На инвеститорот кој се наоѓа на почетокот на булеварот „Коце Металец“, од левата страна после Ветеринарниот институт, вратена му е земјата со денационализација, но нема никаква дозвола, ниту може во наредниот период да планира какви били градежни активности во овој реон, дециден е градоначалникот на Гази Баба.

Тој информира дека надлежните служби вчера и денеска на лице место ги затекнале машините кои извршувале градежни работи, а утре состојбата ќе се врати во првобитната состојба на трошок на инвеститорот.

– ДУП за Железара строго дефинира дека таму не можат да постојат градежни активности во било која смисла, а посебно во делот на градба на паркинзи или други градежни активности, рече Георгиевски. 

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл