05 Декември, 2025
0.0412

Кој ја диктира цената на златото?

Објавено во: Анализа 23 Јануари, 2014 08:22

Добивај вести на Viber

Ако приносот на 10 годишните државни обврзници достигне 5%, златото ќе поевтини до 471 долари за унца. Ако приносот достигне 4% од сегашните 2,8%, цената на златото ќе падне до 831 долари, пишува MarketWatch. Тоа се фактите, ако се довериме на корелацијата помеѓу златото и каматните стапки во текот на последната деценија. На база на истата калкулација, благородните метали би ги  достигнале рекордните 1900 долари за тројска унца само ако приносот на 10 годишните американски државни хартии од вредност  паднат до 1%. Всушност оваа логика ни кажува дека реалната цена на златото е малку под 800 долари за унца. Morgan Stanley прават слични песимистички анализи. Според нив златото ќе продолжи да поевтинува во текот на годината, бидејќи добивката на берзите ја  прави потребата од средства за азил мала. Банката ја намали прогнозата за златото, откако претходно овој месец тоа го направија Goldman Sachs Group Inc. и ABN Amro Group NV. Прогнозата на Morgan Stanley за 2014 беше намалена за 12% до 1160 долари за унца, додека очекувањата за 2015 година се за цена од 1138 долари - со 13% пониски од сегашните. 12-годишниот шпекулативен пазар кај златото заврши во 2013 , кога Банката на федерални резерви одлучи да ја ограничи месечната програма за откуп на обврзници. Одлуката ја стимулира добивката на Берзата , но не доведе до инфлација . Во изминатата година златото поевтине за 28% , постигнувајќи најсериозен пад од 1981 година. Златото ќе поевтине до 1050 долари во следните 12 месеци , откако ФЕД ја успори својата програма за влевање на ликвидност , прогнозираа од Goldman Sachs на 12 јануари. Неколку дена порано ABN Amro Group NV изјавија дека кон крајот на 2014 цената на унца ќе е 1000 долари . К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени