Кој ја дрма Тиквешијата? Шест кавадаречки фирми со профити поголеми од милион евра!
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2021 07:22
Кавадаречката економија е македонско бизнис чудо. Континуирано генерира раст, хетерогена е и многу отпорна на шокови. И на големиот тест лани, во годината на глобалното зло – корона вирусот, се покажа како многу жилава и успешна. Има шест компании со профити поголеми од еден милион евра, а пет од нив се во најпофитабилните сто домашни компании
Кавадарци од секогаш бил синоним кај помалите општини за силна, здрава, хетерогена локална економија. Верувале или не Кавадарци во најголемиот ек на корона кризата лани изнедри шест компании кои имаат профити повисоки од еден милион евра. Само една од нив е странска гринфилд инвестиција и таа го има најмалиот профит во оваа „премиер бизнис лига“. Оd тие шест компании три се домашно поседувани и тоа од бизнисмени кои живеат во Кавадарци или имаат потекло од градот на виното.
Најпрофитабилна кавадаречка компанија лани е „ИГМ Трејд“, голема компанија од челичната индустрија специјализирана за производство на различни челични профили. Добивката на компанијата на еден од најбогатите кавадарчани Илија Гечев лани е 15,1 милиони евра, што е за 138 отсто повеќе од 2020 година.
Очекувано во најдобитните тиквешки фирми е македонскиот гигант и единствена топилница за феро-никел „Еуроникел Индустри“. По стечајот во 2019 година, компанијата како „Феникс“ се враќа на старите патеки. Добивката лани иако за 33 отсто пониска од 2019 година е 7,1 милиони евра.
Одличен резултат лани имаше локално поседувана компанија специјализирана за рударски копови „Машинокоп“ ДООЕЛ која успеа да го зголеми профитот за 44 отсто. Тој изнесува 3,6 милиони евра.
Македонската подружница на глобалната тутунска копрорација „Алајанс Уан Македонија“, најголем извозник на тутун од Македонија лани годината ја заврши со добивка од 2,2 милиони евра што е за 2 отсто подобар резултат од претходната година.
Здравствената компанија специјализирана за дијализа „Нефроплус“ минатата година ја заврши со добивка од 1,65 милиони евра, што е резултат на ниво од претходната 2019 година.
И најмал лани во милионерски добитници е гигантот „Дрекслмајер“ компанија која е голем генератор на работни места во тој дел од Македонија. Неговата добивка лани изнесува 1,2 мил.евра, а како последица од корона кризата добивката е пониска за 60 отсто.
Повеќе за „крваната слика“ на кавадаречката економија на следниот линк

Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




