05 Декември, 2025
0.2012

Кој ја кредитира Владата?

Објавено во: Анализа 05 Декември, 2014 08:44

Добивај вести на Viber

Од почетокот на оваа година, според податоците на Министерството за финансии, значајно се промени структурата на кредиторите што ја финансираат Владата на домашен терен.

Така, податоците упатуваат на тоа дека се намалува уделот на банките, но се зголемува учеството на осигурителните компании и пензиските фондови, но и на јавните претпријатија. Банките, на кои и натаму отпаѓа речси половина од вкупниот домашен долг, во октомври имале учество од 49,21%, додека на почетокот од годината овој удел изнесувал 55,17%.

Еве колкав е уделот на домашнте кредитори:

Банки   49,21%

Осигурителни компании   5,59%

Пензиски фондови 27,65%

Штедилници 0,12%

Друго 17,43%

Податоците покажуваат дека за десет месеци значајно се зголемило учеството на пензиските фондови, кое на почетокот на годинава изнесувало 24,6% и на осигурителните компании, кои учествувале со 3,9%.

Во исто време се промени и структурата на домашното задолжување според рочност, при што се зголемуваат задолжувањата што треба да се враќаат по пет и десет години.

Скоро 42% од домашниот долг ќе се отплаќа по една година, потоа речиси 30% ќе се отплаќаат по пет години. Растат и долговите кои ќе се враќаат по десет години а нивното учество се зголеми на 3,74% во вкупниот домашен долг. Тригодишните обврзници учествуваа до 6,4% а двегодишните обврзници со 9,3% во вкупниот домашен долг.

Заклучно со октомври, внатрешниот долг на Владата изнесува 1,1 милијарда евра и за десет месеци е зголемен за 86 милиони евра.

Во првата половина од 2015 та година, по основ на доспеани записи државата на домашните кредитори треба да им врати скоро 400 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени