19 Декември, 2025
0.1169

Кој ќе ја придвижи македонската индустрија годинава?

Објавено во: Економија 09 Март, 2013 08:02

Добивај вести на Viber

Главните индустриски сектори на кои се потпираше домашната економија лани беа заглавени во тешка криза, но судејќи според произведеното во првиот месец и годинава нема да има големи промени. Најновите статистички податоци покажаа дека индустриското производство во јануари годинава паднало за 1,3% во споредба со истиот месец од лани, што е всушност седумнаесетти  последователен статистички пад. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пад е забележан во металната индустрија од 34,3%, но и во преработувачката индустрија од 4,5%. Се уште во добра кондиција се рудниците, бидејќи податоците покажуваат дека во секторот рударство, производството бележи раст од 17,6%. Според последните податоци, падот во металската индустрија лани за цела година достигна дури 10,7% во споредба со претходната година. Исклучително тешките услови за работа предизвикани од кризата ги оценија и од најголемиот извозник  Макстил во својот извештај за работата од лани. „Во вакви сложени услови на стопанисување бевме принудени да извршиме измени во нормалниот режим на работење со воведување на мали производни кампањи заради рационализација на трошоците. Ваквите адаптации се истовремено неопходни заради подготвеноста да одговори на нарачките со краток рок на испорака што денес во вакви услови на работење станува производен императив“, ,велат од Макстил. За годинава, во металуршкиот сектор немаат оптимистички очекувања, евентуално раздвижување очекуваат на крајот на првиот и на почетокот на вториот квартал од 2013 година. Во првиот месец од годинава, пад на производството е забележан и во секторот снабдување со електрична енергија и гас, а забавило и производството на електрична опрема каде е забележан пад од дури 30,7%. Единствено позитивно придвижување е забележано во текстилната индустрија, каде во јануари е регистриран раст на производството од неверојатни 164%. Може ли Бунарџик да го “крене“ индустриското производство? Извозот од Бунарџик, односно од Џонсон контролс и Џонсон Мети лани претставуваше 16,3% од вкупниот извоз на земјата. Со оглед на тоа дека од крајот на минатата година, во индустриската зона, со производство почнаа и новите фабрики како што се Кемет, Продис и Текнохозе, а до средина на годинава со производство ќе почне и белгиската фабрика за автобуси Ван Хол,  очекувањата се дека е можно дополнително зголемување на извозот но и раст на индустриското производство. Според проценките на Владата за годинава, индустријата до крајот на годината се очекува да закрепне и да оствари минимален годишен раст од 2,3%. Народната банка пак, веќе прогнозираше дека годинава се очекува раст на извозот, базиран на структурните промени во економијата и закрепнување на економиите во еврозоната. Позитивни проекции, гувернерот Богов има за извозот, кој освен годинава, ќе забележи силен раст и во 2014 година, што ќе биде резултат на опоравување на странската побарувачка и светските цени на металите. С.Н
 
 
 
 
Движење на индустриското производство 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
сеп.11
 
 
-2,3%
 
 
 
 
 
окт.11
 
 
-3,8%
 
 
 
 
 
ное.11
 
 
-5,3%
 
 
 
 
 
дек.11
 
 
-4,8%
 
 
 
 
 
јан.12
 
 
-8,0%
 
 
 
 
 
фев.12
 
 
-8,8%
 
 
 
 
 
мар.12
 
 
-8,5%
 
 
 
 
 
апр.12
 
 
-7,2%
 
 
 
 
 
мај.12
 
 
-5,4%
 
 
 
 
 
јун.12
 
 
-4,1%
 
 
 
 
 
јул.12
 
 
-6,9%
 
 
 
 
 
авг.12
 
 
-8,1%
 
 
 
 
 
сеп.12
 
 
-5,6%
 
 
 
 
 
ное.12
 
 
-4,4%
 
 
 
 
 
дек.12
 
 
-8,0%
 
 
 
 
 
јан.13
 
 
-1,3%
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Државен завод за статистика
 

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар