Добивај вести на Viber
Toчно три дена му беа потребни на новоформираното раководство на Украина за да се утврди потребната меѓународна економска помош за земјата, посочува ИТАР-ТАСС во анализа под наслов "Украинско прашање: кој ќе и даде 35 милијарди долари на новата демократија?"
Конкретната бројка ја посочи министерот за финансии Јуриј Колобов, според кого "за модернизација и спроведување на реформите во Украина, како и за остварување на договор за асоцијација со ЕУ, се потребни 35 милијарди долари за следните две години". Штета што во моментот на објавувањето на оваа сума објективите на камерите не беа насочени кон лицата на главните поддржувачи на украинската опозиција од двете страни на Атлантикот, коментираше руската новинска агенција.
Фактички станува збор за сума, споредлива со обемот на средствата за трета меѓународна програма за Грција, преговорите за која Еврогрупата со сите сили се труди да го одложи. Бараниот износ е и во пати повеќе од испорачаниот од Москва кредит на Киев од 15 милијарди долари, 3 милијарди од кои веќе се вложени во украински државни обврзници, а останатите беа замрзнати до постигнување на политичка јасност во Украина.
Во неделата сепак Елмар Брок, претседател на надворешнополитичката комисија во Европскиот парламент, посочи дека меѓународните партнери ќе и обезбеди на Украина до 20 милијарди евра помош. Тој не го наведе изворот на овие средства ниту пак наведе рок.
Слична сума спомена пред тоа и европскиот комесар за проширување и политиката на добрососедски односи Штефан Филе, исто така без да го наведува датумот и услови за нејзино обезбедување.
Од шефот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо беше кажано дека во замена за потпишување на договор за асоцијација со ЕУ Киев може да смета на 600 милиони евра, а преостанатиот износ ќе претставува гаранции за европски инвестиции во украинската економија, како и приходи од либерализација на трговијата со ЕУ во наредните 10 години.
Остатокот од овие 20 милијарди евра Брисел се надева да бидат добиени од меѓународни партнери како САД и ММФ.
Агенцијата се повикува на независни експерти, според кои , во почетната фаза земјата ќе страда од сериозни загуби од раздвижување на нејзините индустриски стоки од европскиот увоз и намалувањето на извозот за Русија заради очекуваната промена на царинскиот режим по ослободувањето на украинската трговија со ЕУ.
САД имаат можност реално да дадат финансиска помош на Украина - по проценка на европски експерти меѓу 1,5 и 8 милијарди долари. Во Вашингтон сепак им е сосема јасно дека во амбиент на целосна неизвесност обезбедување на кредит на Киев е чисто политичка одлука со сомнителни економски последици, истакнува ИТАР-ТАСС.
Најверојатно поголемиот дел од американската помош ќе помине низ механизмите на ММФ .
Шефот на Фондот Кристин Лагард веќе ја потврди подготвеноста за продолжување на помошта за Украина - земајќи ги предвид можностите на САД и Европа , на теорија можеби над 15 милијарди долари.
Имајќи предвид сепак дека ММФ е помалку склон од САД и ЕУ да прифаќа финансиски одлуки под влијание на политички мотиви, тогаш преговорите со него се дефинираат како комплексни и за новата власт.
При целиот геополитички патос за настаните во Украина, Западот сега нема доволно слободни средства, кои ќе даде помош на Киев без јасни гаранции за нивното враќање - мир и ред во земјата, добра економија и Влада, потпирајќи се на довербата на народот.
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: