КОЈ ЌЕ ДАДЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ЗА ДВАТА ДУЌАНИ - јавно наддавање со почетна цена од 174 илјади евра, еве кој е продавачот
Објавено во: Економија 23 Февруари, 2023 07:44
Се продаваат два дуќани во Кисела Вода. Едниот од 99, а другиот од 150 метри квадратни, за вкупна почетна цена од 174 илјади евра.
Продавач е Агенцијата за управување со одземен имот, државна институција чија главна задача е да го продава имотот кој судските органи успеале да го одземат од извесни криминални актвности, а потоа парите што ќе ги заработи од тие продажби, да ги уплаќа во буџетот на државата.
„Се врши продажба на одземен недвижен имот на улица Огњан Прица, број 1, КП 109“, се вели во огласот, и се наглаува дека двете деловни простории се во станбени згради, а нивните површини се од 99 и 150 метри квадратни.
Почетната цена на овој имот од 174 илјади евра ја утврдило Бирото за судски вештачења.
Сите заинтересирани имаат време да се пријават до 27 овој месец, а самото јавно наддавање ќе се изврши точно на први март, се наведува во огласот.
Притоа, треба да се има предвид цената од 174 илјади евра е утврдена како почетна, што значи дека предност на електронското јавно наддавање ќе има оној што ќе понуди највисока цена.
Другите услови се еднакви како и во другите огласи. Па така, она што е правило и што важеше за сите претходни аукции, е дека сите кои ќе сакаат да учествуваат на аукцијата, ќе мора да депонираат и сума од 10 отсто од утврдената почетна цена на дуќаните, или 17,4 илјади евра, која, доколку не победат на наддавањето, ќе им биде вратена.
На ова јавно наддавање ќе можат да учествуваат сите, освен осуденото лице или она против кое се водела кривичната или прекршпочната постапка, како и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот.
За победник на јавното наддавање ќе се смета оној кој ќе даде највисока цена што ја дал последен на јавното наддавање.
Фактор неодамна пишуваше дека освен шесте милиони евра кои ги искешира од Мијалков и кои ги уплати во буџетот на државата, Агенцијата за управување со одземен имот, во другиот дел од времето работи „на ситно“ продавајќи одреден движен имот запленет од криминални активности, но за кој се добиваат мали пари.
Агенцијата на последниот оглас продаваше тетовски автобус, со почетна цена од 18 илјади евра, а претходно пак кварцен камен од општина Ранковце, по почетна цена од 25 илјади евра.
Н.Н.Ф.Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




