18 Јули, 2024
0.0259

КОЈ ЌЕ ИЗВАДИ ОД СВОЕТО КОНТО НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - по моделот „се или ништо“ се нудат близу 10 отсто од акциите на „Македонијатурист“

Објавено во: Економија 17 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Денеска ќе биде еден навистина интересен ден за Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

Имено, преку јавна берзанска аукција ќе се продаваат близу 10 проценти, или прецизно 9,83 отсто од акциите на една од компаниите која важи за „златна кокошка“ за инвеститорската јавност, или поточно кажано „Македонијатурист“.

Ќе се продаваат дури 44.449 акции на најголемата хотелиерска компанија во земјава, со почетна продажна цена од 9.800 денари за акција, по моделот „се или ништо“, што значи дека цената на акциите би можела да оди само нагоре, од оваа почетна цена која е утврдена како најниска.

Ова значи дека за нецели 10 отсто од акциите на „Македонијатурист“ ќе се бараат дури 7,1 милиони евра, што, пак, упатува дека оној што ќе сака одеднаш да дојде до колач од 10 отсто од акциите, ќе мора добро да ја „одврзе“ банкарската сметка, и за нив да искешира повеќе од седум милиони евра, што е навистина голема сума, и не ја има баш секој на своето конто.

Инаку, оваа јавна берзанска аукција се организира на барање на една од членките на берзата, брокерската куќа Еурохаус.

Треба да се спомене дека почетната цена од 9.800 денари по акција која се бара за акциите, е многу повисока од онаа по која досега се тргува со акциите на хотелиерската компанија, иако е факт дека цената на таа хартија од вредност е навистина во сериозен пораст во последниве денови.

А, веројатно во пресрет на денешната продажба, вчера акцијата на „Македонијатурист“ доживеала уште поголем пораст, па скокнала на 8.228 денари за акција, откако претходното тргување беше на 11 јули годинава, кога цената беше 7.480 денари по акција. Пред околу десетина дена, пак, преку блок трансакција акции купи директорката Мирјана Таневска-Ефремова, по цена од 6.800 денари за акција, колку и што се продавале акциите на редовниот пазар на 5 јули. Почнувајќи од април годинава, кога во просек била нешто над 5.000 денари, цената на акциите на „Македонијатурист“ постојано оди нагоре, за на 5 јули и на редовниот пазар акциите да се продаваат по 6.800 денари за акција. 

Сепак, денеска ќе се бара многу повисока цена, односно по близу 10.000 дценари, односно по 9.800 денари за акција.

„Ве известуваме дека на 17 јули 2024 година, среда, (денеска - н.з.) на барање на членката Еурохаус АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) ќе се понуди за продажба пакет од 44.449 обични акции издадени од ‚Македонијатурист' АД Скопје што претставува 9,83 отсто од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 9.800 денари по акција преку моделот ‚се или ништо'“, се вели во објавата за јавната берзанска аукција. 

Фактор исконтактира со надлежните во таа брокерска куќа, но оттаму велат дека законски не смеат да откријат чии се всушност овие 9,83 отсто од акциите кои ќе се продаваат по толклу висока цена.

Оттаму само ни објаснија дека почетната цена од 9.800 денари и наддавањето е во смисла да оди нагоре, како и дека се оптимисти околу оваа јавна берзанска аукција.

Постапка на јавна  берзанска аукција при моделот се или ништо предвидува дека на самиот ден на одржување на аукцијата, членката на Берзата -  застапник на продавачите на акциите, ги внесува продажните цени и количините за определени акции во БЕСТ системот. Аукцијата на акции се одвива во две фази и тоа: фаза на индикација на интерес, во траење од 5 минути;  фаза на наддавање, во траење од најмалку 5 минути, при што, доколку во последната минута не дојде до подобрување на најдобрата куповна цена (највисоката цена), се склучува трансакција. Во спротивно, доколку во текот на последната минута од 5-те минути наддавање дојде до промена на најдобрата куповна цена, наддавањето продолжува со нови 5 минути по истекот на претходните 5 минути. Доколку дојде до промена на најдобрата куповна цена во текот на последната минута од новите 5 минути, наддавањето продолжува за дополнителни 5 минути. Ваквиот начин на продолжување на наддавањето може да се случува најмногу во 10 интервали (10 пати по 5 минути). Доколку во текот на било кој интервал од по 5 минути не дојде до промена на најдобрата куповна цена во текот на последната минута од 5-те минути, БЕСТ системот склучува трансакција по последната најдобра куповна цена. Во случај на наддавање во 10 интервали, БЕСТ системот склучува трансакција по најдобрата куповна цена во десеттиот интервал. 

Во фазата на наддавање важат следниве правила: можат да учествуваат само оние членки на Берзата кои внеле куповни налози во фазата на индикација на интерес; цените на внесените куповни налози во БЕСТ системот може само да се зголемуваат; во фазата на наддавање не можат да се внесуваат нови куповни налози. Затворањето на аукцијата се случува автоматски при што БЕСТ системот автоматски склучува трансакција со налогот кој е прворангиран согласно критериумите за приоритет. 

Фактор веќе пишуваше дека „Македонијатурист“ е дефинитивно акционерско „бојно поле“, односно очигледно дека има неколку инвеститори кои сериозно купуваат акции во таа компанија. 

Состојбата на Централниот депозитар за хартии од вредност покажува дека над 5 отсто акции поседуваат неколкумина и тоа поранешниот долгогодишен директор Доне Таневски има 22,21 отсто, Соња Бибамовска има 11,27 отсто, а пензискиот фонд „Сава“ располага со 8,8 проценти од акциите. Самото АД поседува 10 отсто од акциите. 

Инаку, во април лани објавивме дека наследничка на уникатниот Доне Таневски е неговата ќерка Мирјана, која неколку години наназад е вклучена во високото раководство на друштвото. Мирјана Таневска-Ефремова тогаш стана претседателка на УО на „Македонијатурист“. На претседателското место Мирјана го наследи нејзниот татко Доне Таневски, македонскиот маг во хотелиерскиот бизнис и човек кој повеќе од 40 години успешно ја развиваше и водеше „Македонијатурист“. 

Доне Таневски сега е претседател на Надзорниот одбор на оваа компанија. Заедно со Доне Таневски активното раководење со „Македонијатурист“ го напушти и неговата дводецениска „десна рака“ Соња Бибановска која воедно е и втор најголем акционер во најголемата македонска хотелиерска компанија. Но, тие и натаму се најголеми акционери, а Доне Таневски постојано купува акции и го зајакнува своето акционерско портфолио во таа компанија, па ако тогаш имаше околу 19 отсто, сега поседува над 22 отсто од капиталот на компанијата.

Она што треба да се спомене е дека има многу помали акционери кои поседуваат под 5 отсто од компанијата. 

Па така, дури 41,52 отсто од акциите се во посед на 559 домашни физички лица, додека, пак, 5,86 отсто од акциите се во сопственост на 27 правни лица.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДА ИМАМ ДА МИЛОН ДОЛАРИ НЕ ЗНАМ ШТО БИ ПРАВЕЛ СО НИВ“: Џамински живее со 2.600 долари месечно и вели дека не му треба ништо повеќе

„ДА ИМАМ ДА МИЛОН ДОЛАРИ НЕ ЗНАМ ШТО БИ ПРАВЕЛ СО НИВ“: Џамински живее со 2.600 долари месечно и вели дека не му треба ништо повеќе

СЕПАК НИКОЈ НЕ ИЗВАДИ СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - пропадна берзанската аукција, немаше куповен налог за „Македонијатурист“

СЕПАК НИКОЈ НЕ ИЗВАДИ СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - пропадна берзанската аукција, немаше куповен налог за „Македонијатурист“

КИНЕЗИТЕ ИМААТ ПЛАН: Преку оваа земја ќе ја „затрупаат“ Европа со евтини електрични автомобили

КИНЕЗИТЕ ИМААТ ПЛАН: Преку оваа земја ќе ја „затрупаат“ Европа со евтини електрични автомобили

Крешник Бектеши: Цел месец помина, нема 7.000 ваучери за клима-уреди

Крешник Бектеши: Цел месец помина, нема 7.000 ваучери за клима-уреди

Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија

Владата го соопшти вториот ешалон: Екс-градоначалникот Марјан Ристески ќе биде заменик-министер за економија

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот

Средба на министерката Божиновска со Бјорн Габриел, Европска Инвестициска Банка

Средба на министерката Божиновска со Бјорн Габриел, Европска Инвестициска Банка

ДОЛЖНИЧКА ИЗМАМА: Несуден бугарски инвеститор не му платил на МЕПСО повеќе од 30 милиони евра

ДОЛЖНИЧКА ИЗМАМА: Несуден бугарски инвеститор не му платил на МЕПСО повеќе од 30 милиони евра

КИНА НАПРЕДУВА ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ХУМАНОИДНИ РОБОТИ: нов поттик за економијата

КИНА НАПРЕДУВА ВО ИНДУСТРИЈАТА ЗА ХУМАНОИДНИ РОБОТИ: нов поттик за економијата