05 Декември, 2025
0.0318

Кој ќе повлече повеќе возила? Автомобилските компании влегоа во друг вид трка!

Објавено во: Анализа 14 Април, 2014 09:38

Добивај вести на Viber

Од почетокот на 2014 година најголемите автомобилски производители во светот веќе влегуваат во друг вид меѓусебна трка - онаа на сервисните акции, што може негативно да влијае на целата индустрија. Овој показател продолжува самоуверено да расте, при тоа со сериозно темпо. За првите неколку месеци од оваа година повлекувањето на нови автомобили од пазарот е поголемо од она за истиот период минатата и според експертите најверојатно ќе го достигне својот врв. Досега во 2014 година само во САД се сменети 12 милиони машини, а за целата 2013 година нивниот број бил 22 милиони парчиња, пишува Wall Street Journal. Лидер во оваа негативна оценка, при тоа со голема разлика, е најголемиот автомобилски концерн на планетата - Toyota Motor Corp, кој пред неколку дена објави сервисна акција на 6,4 милиони возила од целиот свет.  Сето ова води до парични казни за компаниите, како и до формирање на кривични дела од страна како на клиентите, така и од организациите кои го  контролираат автомобилскиот сектор. Само во март оваа година Toyota беше обврзана да плати казни во износ од 1,2 милијарди долари во САД поради откриени дефекти во нејзините модели. Оваа сума ќе ја спаси јапонската компанија од кривично гонење од страна на властите. Производителот сепак ќе мора да извади уште 1,6 милијарди долари, за да ги отплати судските против него граѓански тужби. Ова го натера главниот обвинител на САД Ерик Холдер да ги повика автомобилските концерни да не  ја "повторуваат грешките на Toyota." Од своја страна, шефот на концернот - Акио Тојода, најави дека неговата компанија, а и останатите производители, реагираат брзо при секој проблем со автомобилите и ја ставаат на прво место безбедноста на своите клиенти. Фактите сепак покажуваат дека во 2009 година, односно до појавата на проблемот со автомобилите, пазарниот удел на Toyota во САД беше 17%. Само една година подоцна тој паѓа на 15,2% и се очекува по последниот скандал да биде уште помал. И тоа треба да биде знак за останатите големи концерни, кои веќе се принудени да земаат мерки. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени