Кој ќе управува со бизнисите на Енвер Малиќи?
Објавено во: Економија 15 Декември, 2020
Резарта Малиќи Салиу ќе управува со главните компании на својот татко Енвер Малиќи, еден од најпознатите и најбогатите македонски бинзинсмени, кој почина пред две недели. Покрај Резарта, Малиќи ги има и двата сина Алтин и Албан.
Изминатата недела Резарта е поставена за привремен управител на градежната компанија Имморекс Македонија на местото на Енвер Малиќи како привремен управител од шест месеци со согласност на потесното семејство. Имморекс Македонија инаку го градеше комплексот „Парк резиденс“. Семејството Малиќи има уште еден препознатлив бизнис во „Паркленд хоспиталит груп“ кој управува со хотелите а е во сопственост на „Гемак Трејд“.
На крајот од изминатиот месец Резарта како генерален директор на „Гемак Трејд“ е ополномоштена како прокурист на трговското друштво со широки овластувања да ја застапува компанијата, која инаку беше во сопственост на починатиот заменик-градоначалник на Скопје.
Малиќи создаде деловна империја од бизниси во трговија, телекомуникации и хотелиерство. Од успешен трговец навлезе и во другите дејности и лани неговите друштва остварија вкупни приходи кои надминаа 43 милиони евра
Бизнсменот од голем формат во јавноста пред се беше познат како увозник на повеќе реномирани глобални брендови и особено по премиум брендовите за светски познати алкохолни пијалоци. Малиќи почина од компликации кои настане како последица од корона вирусот.
„Гемак трејд“ со седиште во Скопје и регистрирана за посредување во трговија со храна, пијалоци и тутун.беше најголема старт-ап компанија и генератор на другите бизниси. Во нашата широка јавност оваа фирма е препознатлива како увозник на висококвалитетни глобално популарни алкохолни пијалоци.Лани „Гемак Трејд“ бил на ниво од претходната година. Приходот на компанијата изнесува 38,9 милиони евра. Профитот изнесува 1,12 милиони евра и е за 42 отсто поголем од претходната година. Основач и единствен сопственик на оваа фирма беше Енвер Малиќи.
А.К.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.