24 Април, 2024
0.0301

КОЈ КОЛКУ ТЕЖИ: Политиката и парите?

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ Зоран Заев според анкетниот лист тежи 730 илјади евра, додека Мендух Тачи од ДПА пријавил имот вреден 470 илјади евра. Првиот човек на БЕСА, Биљал Касами во анкетниот лист пријавил имот од 308 илјади евра, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски поседува имот од 230 илјади евра. Најсиромашен е лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој има пријавено имот од само 140 илјади евра.

Наташа Стојановска

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тежи 730 илјади евра, но нема недвижен имот на свое име. Според анкетниот лист на Заев, неговите родители поседуваат, куќа, стан, деловен простор и земјоделско земјиште во Струмица, но имаат ии акции. Сопругата и децата имаат депозит во банка, а Заев дал пари на заем поради што пријавил побарување.

За разлика од Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, не пријавил  никаков недвижен имот, ниту на негово име ниту на некој од семјството. Па како и досега, останува нејасно во чиј стан живее Груевски.  Груевски тежи 230 илјади евра, од кои 65 илјади евра се на сопруга, а останатите пари, вклучувајќи ги и 33- те уметнички слики се негов личен имот.  

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети според анкетниот лист тежи 140.000 евра. Има куќа во Зајас и земјоделско земјиште во Албанија и депозити во банка. Сопругата на Ахмети вози Фолксваген Поло.  

Имот вреден 308 илјади евра пријавил лидерот на БЕСА, Биљал Касами, но месечно добива по уште 300 евра од закупнина. Но, ниту Касами нема никаков недвижеимот на свое име. Целиот имот е пријавен на име на неговите родители кои поседуваат земјиште и куќа во Тетово, имаат и возило Мерцедес, но и побарувања. Неговата сопруга поседува само златен накит. А Касами, пријавил дека некому позајмил пари поради што има побарувања. Пријавените трасакциски сметки на лидерот на БЕСА се празни.  

За лидерот на ДПА,  Мендух Тачи, на интернет страната на антикорупцциската комисија има два анкетни листови. Според последните податоци, имотот на Тачи тежи 470 илјади евра, но претходно тежел 540 илјади евра.

Во новиот имотен лист наТачи  го нема автомобилот  БМВ, и дел од парите што претходно ги поседувал на трансакциската сметка. Но намален е и кредитот што претходно го имал, па така сега Тачи има кредит 14 илјади евра, додека претходно Тачи имал кредит од 75 илјади евра.

Тачи на свое име пријавил, две куќи, овоштарник и деловен простор, моторно возило и депозит. А на име на сопругата исто така има моторно возило, штедни влогови но и позајмица која некому ја дала.  


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?