25 Ноември, 2024
0.0306

КОЈ КУПИ, КУПИ - новиот данок го „стопи“ увозот на половни автомобили

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Новиот данок на моторни возила по се изгледа дека го спласна интересот за купување на половни автомобили. Таков заклучок би можел да се изведе доколку се погледнат бројките за увезени употребувани автомобили во јануари годинава. 

Царинската управа на Македонија се уште официјално ги нема објавено подтоците за бројот на увезени возила за декември лани и за јануари годинава, но Фактор, од свои извори, успеа да дојде до бројките.

Тие покажуваат дека во декември минатата година, кога Законот веќе беше изгласан и се знаеше дека тој ќе ги поскапи користените возила кои повеќе загадуваат, во земјава биле увезени над 6.000 половни автомобили.

Или, тоа е двојно повеќе од просекот за единаесетте месеци, кој изнесува околу три илјади автомобили. Односно, за 11 месеци лани биле увезени 33.267 употребувани автомобили, чии просек е точно 3.024 возила. 

А за разлика од тој просек и огромниот увоз во декември од над 6.000 возила, во јануари годинава се увезени 1.613 употребувани автомобили. Тоа е половина од просекот колку што месечно се увезувале возила во текот на минатата година. 

Причината, покрај тоа што возилата сега се поскапи за увозниците, а со тоа и за граѓаните, од Царината ја лоцираат и во фактот што оние кои имаа намера да купат користена кола, тоа веќе го сториле во декември лани, па затоа тогаш и толку се зголеми увозот, а сега веќе драстично се намалува. 

„Практично, граѓаните кои имале намера да купат половно возило, тоа го сториле во декември, така што веќе во јануари тој интерес спласнува“, сметаат од Царината.

Инаку, подтоците ги даваат само бројките за увезените возила, но нема прецизни показатели за каков тип на користени автомобили станува збор, односно дали тие 1.613 возила, иако се стари, се со повисоки еколошки стандарди, или со пониски. Бидејќи, колку помалку загадуваат возилата, толку за нив е понизк и данокот, но од друга страна, тоа значи дека тие се и поскапи автомобили, односно е повисока нивната вредност, бидејќи се користени помалку години.

СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПЛАЦЕВИ СЕГА НЕ ПРОТЕСТИРААТ

А пред нецел месец сопствениците на плацеви жестоко протестираа пред Царината, барајќи под итно да се повлече новиот закон за данок на моторни возила, заедно со новиот правилник, и да се вратат старите законски решенија. 

Според увозниците, откако стапи во сила новата Уредба, нивните давачки се драстично зголемени. Од тие причини, според нив, увозот на половни возила во првите дваесетина дена од годинава бил намален за 90 отсто во споредба со истиот перид лани, а предупредија дека некои од увозниците може да стават и клуч на плацевите. Ако не се исполнат  нивните барања се заканија со секојдневни  протести и блокади на улиците.

Тогаш првиот човек на Царината, Ѓоко Танасоски, им порача дека засега на сила останува сегашната Уредба. Според него, забелешки на законот немаат сите увозници на автомобили, туку само оние што увезуваат половни возила.

„Ние секако ќе ги разгледуваме и натаму забелешките, се прават анализи, но да бидеме свесни дека нема ни еден месец откако е донесена уредбата, треба да се види дали може, дали треба или не треба да се интервенира. Сега засега останува истата уредба“, рече Танасоски.

Средбите кои раководството на Царината ги имаше со увозниците изгледа вродија плод, па сега, како што велат оттаму, нема протести.

„Увозниците сфатија дека мора да се води сметка за еколошките барања и дека тоа е поентата на новиот закон“, велат од Царината.

А додека од сопствениците на плацеви имаше серија забелешки за данокот, импортерите на нови автомобили засега не го коментираат законот. Неофицијално, тоа е од причини што законот за нив е поволен, а поради понискиот данок на возилата кои се помали загадувачи, тие остваруваат и повисоки заработувачки.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа