Добивај вести на Viber
Пехчево е град со најмалку активни случаи на коронавирусот. Во овој град има само 7 случаи, додека Богданци и Дојран имаат по 8, а Македонска Каменица 9 случаи.
Македонски Брод има 10, а Валандово и Демир Хисар по 11 активни случаи. Кратово има 22, Виница и Пробиштип по 28, а Крушево 40 активни. Берово бележи 26 случаи, според извештајот на Министерството за здравство.
Регистрирани се 407 оздравени пациенти од: Скопје – 176, Охрид – 36, Тетово – 29, Куманово – 22, Струга – 19, Велес – 18, Гостивар – 15, Кичево – 12, Струмица – 11, Дебар – 10, Битола и Кавадарци – по 7, Штип и Гевгелија – по 6, Берово – 5, Кратово – 4, Кочани, Свети Николе, Ресен и Пробиштип – по 3, Прилеп, Неготино, Крива Паланка и Виница – по 2, Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево – по 1.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 265 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
foto freepik