29 Септември, 2024
0.0307

Кој му го чува грбот на Путин во ЕУ!?

Објавено во: Анализа 16 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Популистички партии од левиот и десниот политички спектар, во најголем дел проруски, се претставија многу добро на последните избори за европскиот парламент во мај. Тоа ги зголеми стравувањата од формирање на проруски блок во Стразбур, пишува The Economist. Во Грција сега владејачката Левичарската партија "Сириза" покажува блиски односи со Русија. На 11 февруари Никос Котзиас, новиот министер за надворешни работи, ја посети Москва. Ова беше прва посета на странска престолнина надвор од Европската унија. СИРИЗА има посебно мислење за европските санкции против Русија и се противи на проширувањето и покрај руската агресија во Украина. Друга левичарска, силно проруска нова партија, е "Подемос" во Шпанија. Партијата веќе поведе во прелиминарните анкети и има сериозни шанси за формирање влада. Лидерот Пабло Иглесиас го обвинува Западот за "двојни стандарди" кога се во прашање односите со Русија. Францускиот "Национален фронт", нај десничарската националистичка партија со отворено нацистичко минато, отворено се восхитува на Путин. Лидерот Марин Ле Пен на неколку пати ја посети Москва. Неодамна партијата усвои и заем во вредност од 9,4 милиони евра од Прва чешко-руска банка, која се поврзува со Кремљ. Тврди дека ова е првата транша од кредитот во висина од 40 милиони евра (ако е вистина, тоа е огромна сума за партијата). Ле Пен тврди дека таков заем беше одбиен од западните банки. Крајнодесничарската партија во Унгарија "Йоббик", која освои 20% од гласовите на парламентарните избори минатиот април, е очигледно проруски настроена. Во 2013 година лидерот јаопиша Русија како чувар на европското наследство, споредувајќи ја со "подмолниата" Европска унија. Нај скандалозната фигура од партијата Бела Ковашч е европратеник, кој лобира за руските интереси и ја поддржува инвазијата и отцепувањето на полуостровот Крим. Но владејачката партија "Фидес", која некогаш беше жестока антикомунистичка сила, исто така сега развива поблиски врски со Русија. Во јули премиерот Виктор Орбан изјави дека се стреми да изгради "либерални држава" во рамките на Европската унија. Меѓу овие партии е и бугарската АТАКА, која извесно време води отворено проруска политика. Пред неколку години, предводена од Волен Сидеров, кој е поранешен уредник на весникот "Демокрациа", партијата излегуваше на протести против рускиот енергетски проект "Јужен поток". Тогаш партијата го верификуваше за спротивен на бугарскиот национален интерес. Во еден момент партијата го смени тонот и почна да го поддржува целосно и секогаш руската политика, позајмувајки руското зборување за "упадливата Европа". Дојде до таму АТАКА да пушти гласини за подготовка на војна со бугарско учество и да повикува на референдум за членството на Бугарија во НАТО, а самиот Волен Сидеров постојано ја осудува западната агресија во Украина покрај комплетниот недостиг на западни војници на украинска територија. odnosi rusia euПостојат, исто така, гласини, не толку издржани, за руска поддршка од британски и италијански партии. Тие ја вклучуваат анти-ЕУ партијата UKIP. Нејзиниот водач Најџел Фараж истакнуваше дека Путин е светски лидер, на кого најмногу му се восхитува, барем како политичка фигура. Доказите за прифаќање на руски пари од страна на европските популистички партии не се доволни, освен во случајот со "Народниот фронт". Антон Шекхотцов е експерт за крајни партии и смета дека заемот за француската партија е исклучок, наместо правило. Тој посочува дека барем во минатото Кремљ преферирал да дава индивидуални "исплати" на политичари, наместо да обезбедува финансиска поддршка на нивните партии. Русија веќе ја отвори користа од своите европски партии: тие легитимираат (барем пред дел од избирачите ) организираните од неа нејасни избори. Шарен сет од екстремно десничарските и крајнолевичарски политичари беше доведен за да даде поддршка за референдумот во Крим и изборите во Донбас организирани од сепаратистите. Меѓу нив беа Ковашч и Аијмерик Шопрад, советник на Ле Пен, како и претставници на бугарската партија АТАКА како Георги Сенгелевич. Руските медиуми ги опишаа овие помошници како официјални, независни набљудувачи на изборите. K.K.