29 Јуни, 2024
0.0266

Кој му направи „смути“ на Фруктал Мак?

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Фруктал Мак годинава се соочува со забележлив пад на продажбата при што особено е видливo драстично намалување на извозот во првите шест месеци годинава. Сепак работите се менуваат на подобро во последните три месеци, сликата драстично позитивно се менува и извозот драматично расте и речиси се дуплира. Заради тој извоз во периодот јули-септември добивката на компанијата е двојно повисока профитот во првите 90 дена. Сепак разликата во профит е драстична и добивката на крај на септември годинава е 64% помала од реализацијата во истиот период 2022 година

Најголемата македонска компанија за производство на природни овошни сокови во првите девет месеци годинава книжи 800.000 евра помал извоз во споредба со истиот период лани. Ова е клучниот причинител на намалената добивка на ова друштво годинава во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалниот неревидиран финансиски извештај на периодот јануари-септември.

Заклучно со септември вкупната продажба на „Фруктал Мак“ изнесува 5,55 милиони евра што е за 18 отсто послаб резултат од истиот период минатата година. Во структурата на продажбата поголема ставка е извозот кој извозот кој изнесува безмалку 3 милиони евра, наспроти домашната продажба чија реализација за овие девет месеци е 2,6 милиони евра.

Паралелно со падот на приходите од продажба кај Фруктал Мак во првите девет месеци се намалени и оперативните трошоци. Тие се сведени на 5 милиони евра што е за 16 отсто помалку во споредба со претходната година.

Дури 65 отсто од сите оперативни трошоци отпаѓа на суровини и други материјали, а тие во однос на истиот период лани се намалени за 19 отсто. Минимално зголемување има кај трошоците за вработени кои се нешто пониски од половина милион евра. Компанијата во овој период успеала да ги преполови останатите трошоци на работење и да ги сведе на ниво од 444.000 евра. Но кратењето на трошоците во комбинација со силниот раст на извозот во третиот квартал не биле доволни за да можат значајно да влијае врз трендот на намалување на добивката на компанијата во споредба со првите девет месеци лани.

Така на крајот на септември компанијата има профит од 385.000 евра што е само една третина од ланскиот профит кој изнесуваше 1,1 милиони евра. 

Сега останува да видиме што и колку ќе може „Фруктал Мак“ да поправи во последниот квартал годинава.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Се бараат сезонски работници од Грција во Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција во Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот