ДРАМА ВО ГРЦИЈА: Се изгуби тригодишно девојче, цел Фејсбук на нозе - ја пронајде семејство од Скопје
Објавено во: Балкан 28 Јуни, 2024
Вчера во Неа Флогита се изгуби тригодишно девојче, чии родители се бараа на социјалните мрежи.
Нејзината фотографија се споделуваше во сите групи, а за среќа драмата брзо заврши, откако девојчето беше пронајдено од страна на, како што пишува на социјалните мрежи, Македонецот Сашко Радуловиќ од Миладиновци, кој објави апел за што поскоро да се најдат нејзините родители.
Во групата Грција инфо се известуваше за случајот, а откако нејзината фотографија беше објавена и случајот пријавен во полиција, полицијата го зема девојчето во полициската станица во Неа Модања, по што беа пронајдени нејзините родители.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.