КОЈ НЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СИ ГИ ПЛАТИ СМЕТКИТЕ, ЌЕ СЕ ГРЕЕ ВО КОЛЕКТИВЕН ЦЕНТАР: Досегашните ковид центри како топли шелтери, плановите на Германија за зимата
Објавено во: Економија 10 Јули, 2022 19:07
Властите во германските
градови формираат кризни штабови и развиваат планови за обезбедување греење на
граѓаните кои нема да можат да ги платат сметките во текот на претстојната
зима, пишува „Bild.de“.
Властите на Лудвигсхафен, во германската покраина Рајнланд-Пфалц, планираат да организираат колективен центар во спортска сала каде што ќе можат да се загреат граѓаните кои не можат да се справат со поскапувањето на гасот и струјата.
– Во моментов се подготвуваме за сите вонредни сценарија за есен и зима – изјави градоначалничката Јута Штајнрук за „Билд“.
За овие потреби се размислува за реновирање на спортскиот центар „Фридрих Еберт Хол“ во Лудвигсхафен, кој до неодамна служеше како ковид центар.
„Билд“ пишува дека сличен план постои и во Нојштад, Франкентал и Ландау. Други планови за заштеда на енергија вклучуваат исклучување на светлата во јавните згради и исклучување на семафорите во текот на ноќта.
Во градот Рендсбург е откажана изградбата на традиционалното божиќно лизгалиште. Портпаролката на градските власти рече дека единиците за ладење трошат многу електрична енергија и дека би било неодговорно да се троши енергија поради предвидениот недостиг на гас.
Германските власти со месеци го повикуваат населението да заштеди струја за до зима да се наполнат складиштата за гас. Германија е силно зависна од гас од Русија, но поради санкциите испораките се намалени. Капацитетот на фабриката во Германија во моментов е исполнет 63 проценти.
Во понеделник почнува закажаната годишна инспекција на гасоводот „Северен тек“, преку кој Германија добива гас од Русија. Од 11 до 21 јули испораките преку тој гасовод целосно ќе престанат.
Како што претходно објави „Билд“, повикувајќи се на прогнозите на Здружението за домување, поскапувањето на струјата во Германија во 2022 година ќе ги погоди потрошувачите потешко отколку што се мислеше. Во ова здружение се претпоставува дека дополнителните трошоци за домаќинствата составени од едно лице ќе бидат 2.700 евра годишно, а за четиричлено семејство - 5.000 евра. Методологијата за пресметка не е објаснета во статијата.
Цените на енергијата во Германија растат од крајот на 2021 година, а оваа динамика се забрза по почетокот на специјалната операција на руската армија во Украина.
Според податоците на Сојузниот завод за статистика на Германија, трошоците за енергија во јуни се зголемени за 38 отсто. Германската влада планира и целосно да ја прекине зависноста од рускиот гас до 2024 година, наведува германски Bild.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци




