Рокот за трошење на државните 6.000 денари останува 25 декември, Владата очекува сите да ги потрошат парите до тогаш
Објавено во: Економија 09 Декември, 2020
Владата очекува граѓаните за десетина дена да ги добијат тие 6.000 денари финансиска помош и се смета дека имаат доволно време да ги потршат парите до 25 декамври кој е краен рок. Сепак се тврди дека кој нема до 25 декември да ги потроши сите 6.000 денари што како финансиска помош за ранливи категории ќе бидат исплатени од буџетот за од прилика десетина дена, нема да остане без нив и после тој рок, односно ќе има флексибилност.
Во Законот, 25 декември е краен датум за трошење на парите. Заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски за Фактор вели дека очекуваат до овој датум сите граѓани да ги потрошат парите. Сепак никој нема да посегне да им ги зема парите што им останале на граѓаните на сметка веднаш после тој датум.
Инаку Законот за финансиската помош беше изгласан во Собранието во саботата, а законски има рокови за утврдување на списоците и пријавување на субјектите во кои ќе се трошат парите, па вицепремиерот Фатмир Битиќи изјави дека најверојатно парите ќе легнат на сметките за десетина дена. Конечниот список на граѓаните-корисници на оваа помош не може да биде направена се додека законот не биде објавен во Службен весник. Финансиската помош од 6.000 денари теоретски опфаќа 283.000 граѓани.
По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
Овој пат, а поради потребата од брза реализација на мерката и заштеда на време потребно за печатење на платежни картички, мерката ќе се реализира преку исплаќање на средства на постоечка трансакциска сметка на граѓаните кои веќе поседуваат сметка во банка и дебитна картичка за користење на средствата од истата. За граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банка, средствата ќе бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата, при што во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што примената финансиска поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка. Значи, банките ќе им издадат картичка на тие кои немаат.
Помошта е слична како кога граѓани добиваа платежни картички и секој којшто мисли дека треба да добие треба да изврши проверка дали е на листата со внесување на својот матичен број на страницaта kupuvamdomasno.gov.mk по изгласувањето на законот. Во моментот таму пишува дека податоците се ажурираат.
Парите нема да смее да се подигнуваат како готовина, со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.