16 Декември, 2025
0.1275

Кој нема да извезе во Русија, ќе добие пари

Објавено во: Свет 18 Август, 2014 13:59

Добивај вести на Viber

Европската комисија издвои 125 милиони евра за итна поддршка на секторите за производство на овошје и зеленчук, кои се сериозно погодени од руското ембарго за увоз на прехранбени производи од западните земји. Мерката за пазарна поддршка стаппува на сила денеска, така што земјоделците ќе добијат паричен надомест за своите повлечени производи од рускиот пазар - моркови, домати, зелка, пиперки, карфиол, кисели краставици, печурки, јаболка, круши, рибизли, грозје и киви. „Предвидениот буџет изнесува околу 125 милиони евра. Сакаме да го намалиме вишокот на стока понудена на пазарот за да се избегне драстичен пад на цените“, вели еврокомесарот за земјоделство Роџер Вајт. Според него мерката што се применува од денеска, ќе биде на сила до крајот на ноември. Главни добавувачи на овошје и зеленчук со краток рок на употреба во Русија се Полска, Литванија, Белгија и Холандија, така што тие земји ќе имаат приоритет за спроведување на европските мерки. Европските министри за земјоделство ќе се сретнат на 5 септември во Брисел за да ги разгледаат последиците од руското ембарго.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете