20 Декември, 2025
0.0380

Кој нема фасада во Хрватска – ќе плаќа месечно по 400 евра

Објавено во: Балкан 12 Септември, 2013 21:16

Добивај вести на Viber

Сопствениците на новоизградените куќи без фасада во иднина би можеле да плаќаат казна од 3.000 куни месечно(околу 400 евра), пропишуваат новите најавени законски измени во Хрватска. Како што пушува Јутарњи лист, со новиот пакет закони кои треба да го поттикнат градежништвото, треба да се забрза издавањето на потребните дозволи за градба, да се намали корупцијата и охрабрат инвестициите. Добрата вест во приказната на фасадите, е тоа што отсуството на фасадата на зградите ќе се казни само кај новите згради, оние изградени по 1 јануари, кога новите закони треба да почнат да важат. На сопствениците сепак ќе биде оставен доволно долг транзициски период - од пет години во случај на куќите, и до 10 години, во случај на комплексни објекти - кои треба да се дадат за ставање на фасадите. Во пракса тоа значи дека делови од законот кои се однесуваат на фасадата на реалноста ќе почне да се применува до крајот на оваа деценија. Кога станува збор за старите објекти, оние изградени пред новиот закон да влезе во сила, за нив нема да се применуваат новите правила на фасадите. Или, поточно, во нивниот случај, на сопственикот му е оставено да одлучи дали или кога ќе ја изгради фасадата. Од Владата на Хрватска сепак се надеваат дека тие ќе одлучат да стават фасада, бидејќи на тој начин има заштеда на енергетската потрошувачка. Прашањето за фасадите ја поттикнаа владата на реакција, заедно со премиерот Зоран Милановиќ. Милановиќ, кој го поддржа усвојувањето на новите закони, опишувајќи ги како важен реформски чекор, и рече на министерката за градежништво Анки Мрак Тариташ дека законот за фасадите треба да се доработи бидејќи во Хрватска има изразен проблем со недостаток на фасадите на многу згради. „Не можам да разберам дека некој си изградил куќа од 300 квадратни метри, без фасада и дека живее во неа пет години", рече Милановиќ. Одговорот му стигна дитектно од министерката. „Државата кога се во прашање  старите згради не може да направи многу’, истакна Тариташ, но вели дека се надева дека сопствениците сами ќе сфатат дека тие добиваат ако стават фасада, и на тој начин имаат пониски сметки за енергијата. Со новиот закон за градба во Хрватска се носат бројни промени, а фасадите се само капка во регулативата. Главна цел е , пишува весникот, да се елиминира т.н. сива зона во издавањето градежни дозволи.    

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација