Кој пере пари, Грција ќе му ги земе!
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2013
Грција наскоро ќе може сите банкарските депозити на обвинети или осомничени лица, кои го прекршиле законот со перење пари или незаконска трговска дејност, да ги префрли во државните фондови, пишува весникот „Катимерини“. Според весникот, ова е предвидено со новите законски измени , поднесени во парламентот од страна на министерот за правда, кои допрва ќе се гласаат.
Измените ќе дадат можност во државната каса да влезат огромни суми, што се стекнати со прикривење даноци и незаконска дејност, а исто така, и да се одземаат во корист на државата одамна замрзнати средства во банките.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.