19 Декември, 2025
0.0422

Кој пие, а кој ќе плаќа во „Раде Кончар Скопје“?

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2018 06:52

Добивај вести на Viber

Актуелниот одбор на директори на „Раде Кончар Скопје“ предлага акционерите да му дадат награда за успешно работење иако добивката за 2017 година е остварена по друг основ, а не е од оперативното работење. Како контра предлог незадоволен акционер ги бара нивните „глави“ и предлага промена од корен со нови лица во одборот на директори

Вжештена атмосфера во некогашниот македонски гигант „Раде Кончар“ пред претстојното акционерско собрание. Очигледна е голема поделеност и нетрплевивост меѓу акционери. Тоа е видливо од предлог-одлуките. Едни акционери бараат поделба на дивиденда, други предлагаат поделба на дивиденда но со различен износ, одборот на директори во својство на акционери предлага акционерите да гласаат да им поделат награди, а еден акционер што поседува над 5 отсто бара одговорност и смена на сите членови на одборот на директори  и предлага назначување на нови лица кои ќе управуваат со компанијата.

Според достапните јавни податоци на веб страницата на кои се достапни на следниот линк ttps://www.seinet.com.mk/ShowLayoutDocs.aspx?Layout=DOC_13285 очигледно е колку се поделени и спротивставени акционерите во оваа компанија, некогаше гигант. 

Акционерот „Раде Кончар Сервис“ застапуван од Владанка Трајкоска „им стапна на врат“ на директорите и во предлогот вели дека е против тие да добијат награди затоа што остварената добивка од речиси 1,5 милиони евра е од продажба на имот на друштвото, а не затоа што директорите „ги засукале ракавите“ и работеле успешно. Овој акционер предлага да се подели бруто дивиденда од 410 денари по акција. Овој предлог е даден на 26 октомври и за него веќе „Фактор“ пишуваше. Истиот акционер предлага да се разреши и целиот одбор на директори и да се назначи нов.

Свој предлог дава и  акционер Киријас Велибор кој предлага да се промени статутот и наградата  на одборот на директори да биде намногу до 2 отсто од продажба на удели на друштвото, а најмногу 15 отсто да биде награда од нето добивка без добивките остварени од дивиденди и од продажба на удел или дел од удел.

Предлог има и од двајца акционери: Александар Јанчиќ и Дарко Стојков кои предлагаат бруто дивиденда од 400 денари за акција и статутарни издвојувања  по член 80 став 2 и став 3 од вкупно 100.000 евра.

„Семе на раздорот“ меѓу едни акционери, други акционери и директори почнало на 19 октомври кога се објавени предлог-одлуките за престојното акционерско собрание закажано за оваа среда. Во една од точките пишува дека награда на одборот на директори треба да му се даде 187.000 евра (согласно со статутарни издвојувања од член 80 став 2 од Статутот на друштвото). По овој предлог следат бурни реакции од акционери, предлози и финализираат со предлог за разрешување на целиот одбор на директори.  Во тие предлог одлуки е и таа за поделба на бруто дивиденда од 376 денари за акција по основ на добивка од 2017 година и согласно со одлука за распределба на резерви над законски утврдениот износ.

Во предлог одлуките има и таква која ја намалува основната главнина на друштвото за 1,03 милиони евра што значи и намалување на номиналниот износ за 5 евра по акција од 25 на 20 евра. Во образложението пишува дека овој чин се темели на пресуди на Апелациски суд и на Врховен суд по основ на истапување на ова акционерско друштво од содружништво во ДОО Раде Кончар Сервис и поправка на електрични производи.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?