КОЈ ПЛАТИ 350 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 3,6 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА ЗК ПЕЛАГОНИЈА БИТОЛА - преку блок трансакција продадени над 7.000 акции
Објавено во: Економија 19 Септември, 2023 13:30
Вчера на берзата поминала блок тгрансакција со акциите на ЗК Пелагонија Битола, на позначаен износ, односно над 350 илјади евра.
Практично, како што покажуваат податоците од Берзата, некој продал на познат купувач преку Берзата 7.317 акции на ЗК Пелагонија Битола, по цена од 2.960 денари за акција.
Или, вкупната вредност на блок трансакцијата е 21,7 милиони денари, односно попрецизно 352 илјади евра.
Ако се има предвид колкав број на акции има издадено вкупно компанијата, излегува дека акциите кои се продале на вчерашната блок трансакција изнесуваат околу 3,6 отсто од вкупниот акционерски капитал на ова акциомнерско друштво.
Инаку, според податоците на ЦДХВ, најголем акционер на ова акционерско друштво е градежната компанија Софија Градба, која поседува 22,69 отсто од капиталот, потоа Златко Пирузе има 15,36 отсто, Цветан Панделески располага со 14,59 отсто од акциите, Нова Агро инвест има 9,86 отсто, Дејан Панделевски поседува 5,2 отсто од акциите, и Снежана Георгиева има 5,19 проценти.
Кој е купувачот и продавачот ќе има појасна слика наредниот попнеделник кога состојбата ќе се преслика хи кај Централниот депозитар, каде се гледаат акционерите кои поседуваат над 5 проценти од акциите.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




