28 Септември, 2024
0.0242

Кој повеќе ги крател работничките права: ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?

Објавено во: Анализа 01 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Работничките права секоја година се кратат без разлика која политичка гарнитура е на власт, вели Здравко Савевски од здржението Солидарност. Тој потенцира дека знајачно подбрување на состојбите со работнилчките права и со нивното непочитување нема ниту денеска. Дури и кога се има  подобрување на некое работничко право, тоа секогаш е проследено некој скриен елемент поради кој не може да се реализра во реалноста.
„Така на пример, проблем има и кај минималната плата со која актуелниот претседател на ССМ Живко Митревски сака да се фали. Односно оној работодавец кој нема да исплати минимална плата од инспекторите ќе заработи казна во форма на покана за едукација. И при тоа тој работавец не мора да се јави на таа покана за еднуакција.А, тоа практично е дозволување од страна на власта да не се почитуваат законите, вели Савевски.
Законот за минимална плата, според Савевски практично има сериозна фалинка, со што е оневозможена неговата примена во пракса, а тоа првите луѓе во ССМ забораваат да го споменат. Според официјалниот одговор шро здружението Солидарност го добило од министерството за труд и социјална политика, од 2012 година кога е донесен Законот за минимална плата, до пред извесно време, ниту еден работодавац не бил казнет за неисплаќање на минимална плата во земјава.
„Тоа или значи дека сите ја исплаќаат или пак законот постои, а а како да не постои, вели Савевски.
Тој, дополнително објаснува дека ако еден работодавач не исплати минимална плата прво добива покана за едукација, ако повторно биде фатен дека не исплаќа тогаш ќе добие парична казна од 6.000 евра. Но, оваа парина казна од 6 000 евра, работодавецот ќе ја добие без разлика дали не исплатил плата за 1.000 вработени или за помалку.
„Од друга страна спрегата меѓу инспекторите и работодавците е огромна, а особено важно е и откривањето на идентитетот на работникот кој пријавил незаконско однесување на својот работодавец. Зошто Живко Митревски молчи за сево ова, за казнените одредби, за неспроведливоста на терен на Законот за  минимална плата, прашува Савевски и додава дека тоа е само една причина поради која дел од здрженијата и синдикатите во земјава се одлучиле за протест на Денот на трудот.
А еве кои работнички права се променети во време на валдеење на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, наведени во анализата на движењто за социјална правда Ленка, под наслов „Обезвредбување на трудот“. Сепак треба да се напомене дека анализата не го опфаќа перидот од 2010 до 2014 година. Во време кога на власт беа коалициите предводени од СДСМ дојде до следните позначајни намалувања на работничките права. 1993: укинување на обврската за осигурување на приправниците кои вршат волонтерски работи 1993 и 2005: намалување на времетраењето за кое што отпуштениот работник како технолошки вишок имаше приоритет при вработувањето кај истиот работодавец 1993, 1997, 2003, 2005 и 2006: драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработените лица 1995: воведување можност за отказ без отказен рок (Закон за работни односи); 1995: намалување на должината на отказниот рок 1997, 2003 и 2005: намалување на износот на испратнината за лицата прогласени за технолошки вишок 1998: воведување на можноста за намалување на деветмесечниот период на породилно отсуство 1998: овозможување со колективен договор на ниво на работодавец да се пропишуваат помали права од правата утврдени со грански колективен договор 1998 и 2005: воведување и зајакнување на субјективните преференции на работодавецот при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени при технолошки вишок 1998: укинување на судската заштита при прогласувањето технолошки вишок 2003 и 2005: пролонгирање на времетраењето и опсегот на работниот однос на определено време 2004: оневозможување лицата кои го прекинале работен однос по своја волја да ги остваруваат правата што се добиваат со стекнувањето на статусот невработено лице 2004: укинување на одредбите со кои се регулира правото на работниците на учество во управувањето со акционерските друштва и друштвата во државна сопственост со што фактички е оневозможено остварувањето на ова право 2004 и 2006: воведување, а потоа укинување на одредбата за задолжително вклучување на претставник на вработените лица кај должникот во одборот на доверителите при стечајна постапка 2005: воведување на можност за забрана на дејствување на синдикат 2005: значително отежнување на остварувањето на правото на штрајк (организатор може да е само синдикат, можност за отказ за време на штрајк, можност за судска забрана на штрајкот со право на надомест на штета на работодавецот итн.) 2005: намалување на средствата кои се издвојуваат за врабо- тување на инвалидните лица. 2006: укинување на можноста за жалба по престанок на догово- рот за вработување при отворање на стечајната постапка. 2006: укинување на правото на основање Совет на вработените и учеството на претставници на работниците во Управниот одборна јавното претпријатие Позначајните негативни промени во законската регулатива до кои дојде за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ се следните: 2000: проширување на претходно воведените субјективни пре- ференции на работодавецот при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени при технолошки вишок 2000: укинување на можноста да се оствари право на старосна пензија само врз основа на остварен стаж 2007: укинување на правото на скратено работно време за работниците-инвалиди 2007: оневозможено е примањето на социјална парична помош ако на работникот работниот однос му престанал по негова вина или по негово барање, ако одбие понуда за вработување, која одговара на степенот на неговата стручна подготовка, или одбие обука, преквалификација или доквалификација заради вработување 2007: не е предвидено куќните помошници да бидат опфатени со Законот за безбедност и здравје при работа; 2007: се укина еден ден од празнувањето на Денот на трудот и сега празникот се празнува само на 1 мај 2007: поместување на можноста вработените да се стекнат со акции бесплатно или по повластена цена да важи од 2012 година 2008: намалување на законски гарантираниот годишен одмор 2008: пролонгирање на рокот на работниот однос на определено време 2008: укинување на правото на приоритет при вработувањето на лицата прогласени за технолошки вишок 2008: овозможување работодавачот да отпушти одреден работ- ник поради деловни причини и веќе следниот ден да вработи другработник на истите работи со иста стручна подготовка и занимање 2008: намалување на основицата за пресметување на испратнината 2008: укинување на изречната забрана според која работникот во ноќна смена не смее да работи повеќе од една недела 2009: зголемување на државната контрола над синдикатите преку промена на критериумите за репрезентативност 2009: овозможување, преку дефиницијата на работното време, работникот да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место