18 Декември, 2025
0.0413

Кој продаде „вино ем ракија“ за 13,7 милиони евра за шест месеци?

Објавено во: Економија 19 Август, 2021 08:21

Добивај вести на Viber

Домашниот пазар во пост-ковид годината беше голема поткрепа за најголемиот производител на вино - кавадаречки „Тиквеш“. Македонскиот пазар апсорбира вино и ракија од „Тиквеш за 7,2 милиони евра – 31 отсто повеќе од лани. Извозот е 6,5 милиони евра. Вкупната продажба на „Тиквеш“ годинава порасна за 23 отсто во однос на „корона“ периодот лани

Најголемиот македонски производител на вино – кавадаречки „Тиквеш“ за половина година успеа да го зголеми извозот за 860.000 евра и тој достигна 6,5 милиони евра што е 15 отсто подобро во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите податоци од консолидираниот биланс на успех објавен деновиве на информативниот сервис СЕИ НЕТ.
Колку е за компаниите поволно олабавувањето и укинувањето на мерките и рестикциите кои лани овој период ги предизвика корона кризата покажува и тоа што продажбата на домашниот пазар на „Тиквеш“ порасна за 31 отсто односно за 1,7 милиони евра и достигна 7,16 милиони евра.

Вкупно приходите од продажба на „Тиквеш“ годинава се за 23 отсто повисоки во споредба со истиот период лани.

Трошоците за производство годинава исто така се зголемени во споредба со лани и тоа за 23 отсто до износ од 9,3 милиони евра, на што се додаваат другите трошоци кои изнесуваат 4,2 милиони евра.

Оперативната добивка на друштвото за првото полугодие е повисока за 12 отсто од лани и изнесува 440.000 евра. Нето добивката пред оданочување е намалена за 149.000 евра заради финансиските расходи на „Тиквеш“ кои годинава во споредба со истиот период лани се повисоки за 16 отсто. Добивката по оданочување е 292.000 евра и во однос на првото полугодие лани е повисока за 10 отсто.

Од билансот на состојба на „Тиквеш“ позначајно за истакнување е тоа што побарувањата од купувачи се значајно зголемени и тоа за 72 отсто до ниво од 8,3 милиони евра. Нивото на залихи на крај на пресметковниот период во споредба со првото полугодие лани е намалено за 15 отсто и изнесува 14,76 милиони евра. Обврските на „Тиквеш“ на 30 јуни изнесуваат 17,3 милиони евра. Кај тековните обврски кои изнесуваат 7,2 милиони евра е забележливо дека „Тиквеш“ нема краткорочни кредити. Најголема ставка кај тековните се обврските на „Тиквеш“ кон добавувачите кои изнесуваат 5,6 милиони евра што е за 12 отсто повеќе од истиот период претходната година.

Долгорочните обврски на „Тиквеш“ надминуваат 10 милиони евра и во однос на лани се пониски за 1 отсто. Долгорочните кредитни обврски на оваа компанија изнесуваат 9,78 милиони евра и се 4 отсто повисоки од истиот период лани.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа