18 Декември, 2025
0.1439

Кој проект ќе го жртвува Владата – Вардарска долина или пругата кај Велес?!

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2013 08:39

Добивај вести на Viber

Од ЕЛЕМ предлагаат алтернативен коридор на пругата кај Велес. Од Министерството за транспорт и врски пак, речиси еден месец молчат. Што ќе жрвува Владата, модерна пруга кај Велес или домашно производство на струја од Вардар?! Преку јавна расправа државните електрани наскоро ќе ја бранат идејат за изградба на хидроцентрали по течението на Вардар. Откако Министерството за транспорт и врски минатиот месец најави дека ќе ја анализира можност за Скопје и Велес да се спојат со нова пруга од Драчево до Велес, по која би се возело и до 160 километри на час, со што се доведува во прашање изградбата на поголема хидроцентрала кај Велес, од Државните Електрани за Фактор велат дека наскоро ќе ги презентираат придобивките од реализацијата на проектот Вардарска долина. Дури тогаш Владата ќе мора да пресече- ќе го реализира деценискиот проект Вардарска долина или пак, ќе се поместуваат пругата и автопатот кај Велес?! ЕЛЕМ предлага алтернативен коридор на пругата Од ЕЛЕМ признаваат дека една од основните причини поради која проектот досега не е реализиран е дислокацијата на пругата кај Велес, чија инвестициона вредност е голема и ја оптоварува цената на киловат/час струја, со што Вардарска долина станува неисплатлива. “Факт е дека железничката пруга има големо влијание во однос на евентуалната реализација на проектот  „Вардарска Долина“. Од тој аспект сметаме дека треба да се разгледаат можностите за алтернативен коридор  во однос на поместувањето на железницата од  долината на реката Вардар. На тој начин и овој проект би станал атрактивен за реализација.  АД ЕЛЕМ наскоро ќе организира јавна расправа на која ќе бидат презентирани ажурираните  економски податоци од Студијата за интегрално уредување на долината на реката Вардар“, објаснуваат за Фактор од ЕЛЕМ. Јанакиески молчи – пругата или поголемо производство на струја?! Речиси еден месец од Министерството за транспорт и врски одбиваат да одговорат за Фактор дали Владата сепак ќе го жртвува проектот Вардарска долина за сметка на развој на железничката пруга. Или во план се други сценарија. Оттаму не одговараат ниту дали имаат финансиски план, ниту кои се можните сценарија за реализација и на двата инфраструктурни проекти. Пред речиси еден месец во јавноста се лансираше идејата за модернизација на железницата од Скопје до Велес.  Првото аценарио предвидува 32,6 километарска пруга со два колосеци, од која 10,7 километри ќе бидат подземни тунели, а околу 600 метри ќе бидат мостови. Се проценува дека возовите ќе развиваат брзина до 160 километри на час. Второто сценарио пак, предвидува пруга да го следи постојниот автопат Скопје – Велес, со што брзината на движење на возовите би се ограничила на 120 километри на час. Според ова решение, треба да има единечна пруга со поголема должина, која ќе изнесува 35,5 километри, од кои 10 километри се планирани како подземни тунели. Анализата на австриската компанија „ИЛФ инженеринг“, грчката „АДТ Омега“, бугарската „Еуротранспроект“ и на Министерството за транспорт и врски допрва треба да покаже дали малите и средни хидроцентрали на Вардар нема да се градат поради модернизацијата на железницата кај Велес. Кинески CWE ја стокми студијата за Вардарска долина. Никој не кажува што советуваат?! Кинеската меѓународна корпорација за вода и електрична енергија (CWЕ) ја изработи  физибилити студијата за хидроенергетското ползување на Вардар, која треба да покаже колку од водата на Вардар ќе биде за производство на електрична енергија, а колку за наводнување и за вода за пиење на локалното население. Оваа студија всушност треба да прецизира и дали на Вардар ќе се градат 12 мали и средни хидроцентрали или сепак, проектот ќе се скрати само на неколку електрани. Овие 12 хидроцентрали, годишно треба да произведуваат околу 1.400 гигават/часови струја, што е 15% од вкупната потрошувачка на електрична енергија на Македонија.  Проeктот Вардарска долина, проценет на околу 1,5 милијарди евра, подразбира изградба на две поголеми хидроцентрали - Градец и Велес, со висина на браните до 59 метри, а останатите 10 хидроцентрали треба да имаат брани високи 8-10 метри. Вкупниот инсталиран капацитет на малите хидроцентрали долж реката Вардар треба да биде до 350 мегавати. Пред три години Владата најави дека како инвеститор на Вардарска долина ќе учествува со 15% од вкупната сума, а за останатите 85% ќе се позајми кај Кинеската развојна банка. Еконосмките министри тогаш изјавија дека ако вардарска долина значи изградба на 12 хидроцентрали тие ќе бидат функционални за 10 до 15 години. К.П.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери