05 Декември, 2025
0.0400

Кој сè ќе трча во претседателската трка?

Објавено во: Анализа 26 Февруари, 2014 13:09

Добивај вести на Viber

Вечерва истекува рокот до кој можат да се пријават заинтересираните да станат кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори. Своите кандидатури веќе ги доставија актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов, професорот Јове Кекеновски и магистерот Божидар Ночев. Сите влегуваат во трка на партиската конвенција да ја обезбедат поддршката на делегатите за претседателска кандидатура. Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи на 1 март, а на него 1.300 кандидати ќе го изберат кандидатот за претседател на оваа партија. Кандидатите најпрво ќе ја претстават својата програма пред делегатите, кои потоа ќе се изјаснат за кого ја даваат својата поддршка. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател ќе биде кандидатот кој во првиот круг на гласање добил најмногу гласови, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број гласови во првиот круг, ќе се спроведе и втор круг помеѓу двајца кандидати кои добиле најголем број на гласови во првиот круг од гласањето. Ѓорге Иванов - сигурна трка за втор мандат? Актуелниот шеф на државата Иванов се смета за најсериозен кандидат да ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, особено откако повеќе високи партиски функционери се потпишаа на иницијативата со која се бара уште еден мандат за него. Иванов долго време тактизираше со одлуката дали ќе влезе во трка за втор мандат, но вчера конечно обелодени дека ја прифаќа иницијативата и својата кандидатура ја достави до ВМРО-ДПМНЕ. Притоа образложи дека сè уште има многу работа што треба да се заврши.
„Со чест и  задоволство, имајќи ги во предвид сите предизвици и перспективи со кои се соочуваме  со посветеност и одговорен пристап, со желба за постигнување на натамошни успеси за нашата татковина, кои ќе бидат од интерес за сите граѓани, сакам да изјавам дека донесов одлука да ја прифатам иницијативата за мое кандидирање за Претседател на  Република Македонија и дека ќе ја поднесам мојата кандидура на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Република Македонија“, рече Иванов.
Јове Кекеновски - не се откажува и бара фер борба Кекеновски е доктор по политички науки. Како експерт, самиот избра да не се кандидира како независен кандидат, туку поддршка да бара од владејачката партија. Откако ја најави својата замисла, Кекеновски инсистираше претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ да се бира на конвенција заради поголема демократичност на изборот. Во трката со актуелниот претседател Иванов, Кекеновски не се чувствува како аутсајтер и вели дека нема намера да се повлече. Се смета дека има поддршка меѓу дијаспората и, условно, „порадикалните“ членови на ВМРО-ДПМНЕ. Кекеновски бара од премиерот Груевски пред Конвенцијата да побара од делегатите да гласаат по сопствено убедување, за да се обезбеди фер борба. Исто така, изрази и несогласување затоа што партиски функционери се потпишаа на иницијативата за кандидирање на Иванов.
„Тоа е добро ако тие го поддржуваат индивидуално, но не од позиција на партиски и владини функционери, бидејќи на тој начин го нарушуваат рамноправниот третман од делегатите“, изјави Кекеновски за ТВ 24 Вести.
Божидар Ночев - аутсајдер или...? За третиот кандидат кој ќе се најде пред делегатите на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ се знае многу малку или речиси ништо. Ночев, како што брифираат од партијата, е магистер на градежни науки. Повеќе детали за него не се откриваат, a тој претходно не бил на висока партиска позиција. Аутсајдер или изненадување на конвенцијата? Ночев до сега не дал никаква изјава во медиумите за неговите очекувања од пратиската конвенција и за мотивите да се кандидира за високата државна позиција. Опозициската СДСМ ќе бира кандидат на конгрес? Опозициската СДСМ со соопштение објави дека кандидатот за претседател ќе го избира на партиски конгрес. Конгресот треба да се одржи на 4 март, три дена откако владејачката партија ќе го избере својот кандидат. Во соопштението не беа објавени информации како ќе се предлагаат кандидатите за конгресот. Сепак, синоќа, порталот Прес24, повикувајќи се на извори во СДСМ, објави дека универзитетскиот професор Стево Пендаровски ќе биде кандидат на СДСМ на изборите закажани за 13 април. Од партијата ги демантираа ваквите информации и велат дека одлуката не е донесена. Молк во албанскиот блок Албанскиот блок сè уште тактизира и не објавува кога ќе ги обелодени кандидатите за претстојните претседателски избори. Од ДУИ молчат и по најавата на Иванов дека има намера да бара уште еден мандат, откако оваа партија отворено најави дека нема да ја поддржи неговата кандидатура и побара консензуален претседателски кандидат. ДПА најави дека има намера да истакне свој кандидат на претседателските избори, а највисокото партиско раководство му даде ексклузивно право на лидерот Мендух Тачи да го избере кандидатот. Според првичните неофицијални информации во игра се двајца кандидати - потпретседателот на партијата Миат Садику и долгогодишниот партиски функционер Илјаз Халими. Претседателската функција - сепак атрактивна Неколку други кандидати изразија интерес да се вклучат во трката за избор на шеф на државата. Професорката Билјана Ванковска собира 10.000 потписи како независен кандидат. Професорот Зоран Поповски веќе ги собра потписите и ќе биде кандидат на политичката партија ГРОМ. Потписи за претседателска кандидатура собира и лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов.   Билјана Арсовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени