16 Декември, 2025
0.1577

Кој собира опасен отпад и колку се заработува од тоа?

Објавено во: Економија 11 Февруари, 2020 07:02

Добивај вести на Viber

Опасен отпад или безопасен отпад. Кој увезува и зошто, каде се гори, дали има или нема. Кој го контролира увозот? Во центар на внимание на јавноста во последниот период е токму отпадот, поточно дали е токсичен, зошто се увезува и дали навистина не е штетен по здравјето оној што се согорува и се увезува. Собранието пред распишување избори, веројатно воден од популизмот што секогаш иде пред избори реши да ја укине законската можност за увоз на отпад. Фактор во оваа прилика ќе ви ги претстави домашните фирми кои се специјализирани за собирање и отстранување на опасен отпад.... Кои се тие и колку заработуваат? Двете најголеми се во сопственост на жени!

Официјалните достапни податоци за статистичката класификација 38.12 која ги групира фирмите регистрирани за собирање опасен отпад покажува дека има вкупно 13 такви друштва во регистарот за 2018 година. Од нив 8 се јавни претпријатија, а 5 се приватни фирми.

Предмет на оваа анализа се само приватните друштва кои се регистрирани за дејноста обработка и отстранување опасен отпад

Најголема приватна фирма што е регистрирана за дејноста „обработка и отстранување опасен отпад“ е „Зока Трејд“ од Неготино. Оваа компанија е во сопственост на жена од Неготино, таа се вика Зорка Блажева. Нејзината компанија во 2018 година остварила приход од 923.000 евра,а од тоа добивка е 70.700 евра.

Следуваат две компании од кои поголемата имала приход од четврт милион евра, а остварила добивка од 65.400 евра. Тоа значи дека друштвото има солидна профитна маргина од 26 отсто. Станува збор за „Ф-Групација“ со седиште во скопско Трубарево. Сопственик е Даниела Нелепа – Дамеска.

Виничката компанија „Орбита“ во 2018 година остварила приходи вредни 236.600 евра, а профитот е 8.800 евра. Ова е компанијата со најмала заработка во оваа дејност.

Следува скопската фирма Ауто Хаус Заковски сопственост на скопјанецот Горанчо Заковски. Ова друштво во 2018 година остварило приход од 110.000 евра и добивка од 40.450 евра. Тоа значи дека профитот на друштвото е 37 отсто од приходите. И ова е убедливо најуспешната фирма од сите што се во конкуренција на обработка и отстранување опасен отпад.

Во регистерот има уште една фирма со седиште во Велес и е основана од германска компанија и дејноста и е рециклирање отпад и дизел. Станува збор за компанијата Г.Р.А.Д. Екологија која во 2018 година не остварила никакви приходи, а нејзините расходи изнесуваат над 5.000 евра.

Во оваа конкуренција се уште 7 јавни комунални претпријатија основани од македонски општини и јавното претпријатие „Дрисла“ која има најголем приход меѓу нив кој изнесува 3,9 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи